Атина – главниот и најголем град на Грција и една од најзначајните историски престолнини во светот. Град во кој античкото минато и современиот медитерански живот се спојуваат на секој чекор. Акропол, Партенон, Синтагма, Плака и бројните антички споменици ја раскажуваат приказната за цивилизација стара илјадници години.
Ова патување го дополнуваме со посета на Метеори – еден од највпечатливите предели во Грција, познат по величествените карпести формации и православните манастири изградени на нивните врвови.
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 19.09.2026: 149 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во хотел Four Seasons Glyfada 3*, 2 ноќевања со појадок
- Сместување во двокреветни, трокреветни или еднокреветни соби согласно резервацијата
- Панорамски разглед на Атина со локален водич
- Организирана посета и разглед на Метеори
- Туристички придружник за време на целото патување
- Организиран превоз и прием на патници од Велес, Прилеп и Битола
- Организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативна посета на Пелопонез (Коринтски канал, Епидаурус, Нафплио и Микена) – 40 € по лице, без влезници за археолошките локалитети
- Влезница за Епидаурус – 20 € по лице
- Влезница за Микена – 20 € по лице
- Влезница за манастир на Метеори – 5 € по лице
- Туристичка такса – 5 € по лице
- Патничко здравствено осигурување
- Индивидуални трошоци
Факултативните излети и дополнителните услуги се резервираат и плаќаат во Агенцијата, со исклучок на туристичката такса и влезницата за манастирот во Метеори, кои се плаќаат во автобус. Поради големите гужви и ограничениот број на влезници за локалитетите, резервацијата и уплатата за истите задолжително се вршат во Ideal Travel најдоцна 3 дена пред започнувањето на патувањето. По истекот на овој рок, Агенцијата не може да гарантира достапност на влезници и влез во локалитетите.
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа согласно условите на хотелот.
- Дете до 11,99 години со двајца возрасни плаќа 80% од цената на аранжманот.
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето согласно Општите услови за патување.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 10 дена пред поаѓањето.
- За патувањето е потребен валиден биометриски пасош согласно важечките прописи за влез во Република Грција.
- Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник и локалните водичи.
- Редоследот на посетите може да биде променет поради работното време на локалитетите, сообраќајните услови или други објективни причини, без притоа да се наруши содржината на програмата.
- Посетата на конкретен манастир на Метеори зависи од неговото работно време на денот на посетата.