Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Паркинг за возила сама вила не нуди, но има на 30м од самата вила веднаш до хотелот Маргарита, и истиот е бесплатен.
Собите кој се во Сабота се сите четворокреветни и се наоѓаат на втор спрат, од кој една само на приземје. За сезона 2023, лежалки поставени на плажа нема, секоја соба има на располагање 2 лежалки, кој ги зема на користење и на крајот на денот ги враќа во вилата (строго забрането оставање лежалки на плажа преку ноќ) чадори нема.
-Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е потесни од стандардните спални и две единечни стандардни легла, или две дупли потесни легла во собите кој гледаат према градина, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, wi-fi.
Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Истите можат да бидат лоцирани на приземје (без оградена тераса) на втор кат со страничен поглед на море, и две студија со поглед на градина кое се наоѓаат на втор кат. Капацитетот на собите е максимум 4 лица. Надвор од овој капацитет може да се смести само дете до 3,99год.
- Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
- Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Првите два и последните два термина се ПРОМО ЦЕНИ и не подложат на попуст