НЕА ВРАСНА / ВРАСНА / СТАВРОС / АСПРОВАЛТА
СТАВРОС
Ставрос лето 2026: Ставрос е многу познато одморалиште во Грција, сместено во заливот Стримоникос, 80 километри источно од Солун и 6 километри од новиот автопат (Солун – Кавала). Се наоѓа на брегот на Егејското Море, недалеку од Аспровалта и Неа Врасна. Главната дејност на локалното население е туризмот и трговијата. Традиционален грчки крајбрежен град со блага клима, кристално чисто море и долги песочни плажи, ќе ги задоволи потребите дури и на најпребирливите посетители. Идеално место е за семејства со деца и за оние кои сакаат да поминат опуштен и лежерен одмор.
