ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “Такис и Марија“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 50 метри од море.Пред влезот на вилата има мало паркче со играчки за најмалите. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.