АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ
БЕЛГРАД - прва програма (74)
Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот
План и програма
Состанок со групата (дополнително време) поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта организиран превоз до центарот на градот само за патниците кои што се сместени во Вила Вертиго, ( патниците кои што се сместени во хотел Србија самостојно може да се организираат бидејќи центарот е на 3 км од хотелот) за постновогодишни прошетки или забави. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на Белград за индивидуални активности.. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Сместување
1. Вила Вертиго
Прекрасна вила со 3* која што се наоѓа на Петлово брдо. Vertigo има нов и стар дел. Патниците ќе бидат сместени во новиот дел. Ресторанот се наоѓа во стариот дел кој што е на 50 метри оддалечен од новиот дел. Во склоп на Vertigo има продавница, кафе бар и менувачница. Од центарот е оддалечена околу 12 километри. Во склоп на програмата како што може да прочитате, постојано има превоз од Vertigo до центарот и назад ( во договорено време со групата) што е вклучено во цената.
Villa Vertigo - 1/2 или 1/3 соби
2. Хотел Србија 3*
Прекрасен хотел кој се наоѓа на само 3 километри од центарот на градот. Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трикреветни соби. Комплетно е реновиран во 2005 година и Ви овозможува чувство на удобност и комфорт. Има панорамски ресторан со капацитет од 380 места се наоѓа на 17 спрат од хотелот од кој има прекрасен поглед на цел град и претставува совршено место за почеток на денот со појадок и кафе од прекрасната шведска маса која што ја нуди.
Hotel Srbija 3* - 1/2 или 1/3 соби