АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ

АТИНА - прва програма (74)

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава и родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

Атина е всушност водечкиот град на Грција. Денес во Атина владее свет со ултрамодерна, урбанистичка и архитектонска смела линија во полн сјај со класична и неповторлива убавина.

Атина е приказна која трае!

План и програма

ПРВ ДЕН 29.12.2023 (ПЕТОК)
Состанок на групата на паркингот пред хотел Русија околу 21.00 часот. Поаѓање за Атина во 21:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

 

ВТОР ДЕН 30.12.2023 (САБОТА)

Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.

Заминување кон Глифада.
Смествање во хотел. Слободно попладне.

Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.

 

ТРЕТ ДЕН 31.12.2023 (НЕДЕЛА)

Атина-Корнит-Пелопонез

Појадок.
Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).

Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна.

Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, организирана прослава на Нова Година, враќање во хотел.

Ноќевање.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН 01.01.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)

Појадок.

Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.

Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.

 

Хотел 3* (30.12.2023 - 01.01.2024)

1/3 
Цена по лице: 149.00 € 9,238.00 den
1/2
Цена по лице: 149.00 € 9,238.00 den
Што е вклучено во цената

-Превоз со високо туристички автобус
-2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада
-Организиран разглед на градот со локален водич
-Организација и водство на патувањето


Што не е вклучено во цената

-Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
-Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
-Дочек на Нова Година
-Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
-Влезници за посета на локалитетите со водич:
Акропол 20е,
Микена 12е,
Епидариус 12е,
Посејдонов храм 10е
-Патничко осигурување

Дочек на Нова Година на плоштад


Важно

-Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
-За сингл соба цената изнесува 159 евра
-Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79e
-Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
-Резервации за одреден кат или страна не е можна.
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

 

 

Факултативни излети

1. Сунион и Аполоновиот брег. Цена за пакет: 15е
Кејп Суниоп е неверојатна локација во секое време од денот, но таму би се почуствувале неверојатно доколку имате можност да го гледате неверојатното зајдисонце. Под вас се протега Егејското Море а покрај вас се наоѓаат и величествените урнатини на храмот Посејдон. Лесно е да се разбере зошто античките Грци изградиле храм на богот на морето овде.

 

2. Арголида-Пелопонез. Цена за пакет: 45е

Пелопонез е голем полуостров и регион во јужна Грција, го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив.
Делови од него припаѓаат на три периферии поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а малдел на Западна Грција и Атика. Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето наКоринтскиот Канал во 1893 година  Пелопонез бил издвоен од копното, и може да се смета за остров.