ЛЕПТОКАРИЈА

VILLA DIMA (1)
VILA JANIS (24)
VILA VANGELIS (14)
VILA ATRIUM (28)
Villa THOMAS (28)
VILA YALOS (24)
VILA AMELI (15)
HOTEL MOYSES (67)
HOTEL AKROTHALASSIA (24)
VILA FILOXENIA (28)
VILA MARIA 93
HOTEL GOUNOS 1
VILA OLIMPUS HOUSE 9 noki bez prevoz(9)

Градот под планината Олимп - Leptokaria, или пак некогашната ”Скопска дестинација”, сеуште го навраќа сеќавањето на убавите времиња поминати покрај нејзините плажи. И покрај туристичкиот инвестициски бум кој во Лептокарија е особено видлив во последните неколку години, сеуште убавите спомени и традиционалното гостопримство на нејзините жители се отворена покана за нашите туристи. Веќе познатите и прифатени објекти од нашата понуда, како и достапните цени за сместување, се само дополнителен мотив за целосно нејзино враќање на домашниот пазар. Лептокариа денеска е прекрасен град кој изобилува со мноштво нови објекти за сместување, изградени според високите стандарди на туризмот. Видно изменетата инфраструктура само го надополнува севкупниот впечаток за нејзината туристичка понуда. Освен со убавата плажа и добро уредените шеталишта и паркови, овој град ќе ве плени и со неговата гостопримливост.