ПЕФКОХОРИ

VILA ЕLEKTRA (1)
VILA PARTENIS (15)
VILA ZINOVA (73)
VILA NAUTICA (12)
VILA NOEL (15)
Апартмани Елса (24)

Доколку би го превеле неговото име, тоа всушност буквално би го означило и негово вистинско осликување – “село во борови”. Ова познато туристичко место, кое се наоѓа на првиот крак на Халкидики – Касандра, е оддалечено на само десетина километри од веќе опишаното Полихроно. Многу поголемо и со многу повеќе содржини, Pefkohori со својата динамичност на постојано движење, секогаш претставувало магнет за туристите кои во летото бараат и многу забава. Опкружено со борови шуми, протегнато покрај прекрасното море и песочната плажа, ова туристичко место отсекогаш се вбројувало во најпознатите и најпосетените на полуостровот Халкидики. Многуте објекти за сместување, хотелите од сите категории, како и вонпансионските содржини со кои изобилува, Пефкохори го издвојуваат како високо развиена туристичка дестинација.