ПИЕРИА (Олимписка ривиера)
ОЛИМПИК БИЧ
Oва убаво место, иако релативно ново, во последните петнаесетина години успеа да изгради целосно сопствен идентитет на туристичка дестинација. Близината на неговата постара “сестра” – Паралија, не му пречеше да се издвои, надминувајќи ги нејзините квалитети во многу компоненти кои денес го карактеризираат секое подобро уредено туристичко место во Грција. Olympic beach веќе се вбројува во едно од најубаво уредените и најпосетените места, во овој голем туристички регион. Успешно спроведената урбанизираност, со сите придобивки кои ги запазуваат еколошките и модерните стандарди на живеење, на главниот адут на ова место – плажата, со години и го обезбедуваат признанието, истакнато преку плавото знаменце за еколошки чиста - животна средина.