АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ
САРАЕВО l 2НП-109€ (74)
Дочек на Новата Година во Сараево. Тридневна екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево и подгответе се да ги замислите новогодишните желби под небото на Балканска Швајцарија. Во продолжение програмата за Босна..
План и програма
Поаѓањето е од Скопје, пред Хотел Русија е околу 21:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуваат на еден ден пред поаѓање.
Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич.
Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија.
Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот.
Слободно време за ручек и разглед на Сараево, и упатување кон хотелот во договореното време.
Ноќно Сараево – Факултативен излет
Состанок на група во 19:00 пред Хотелот. Тргнување кон местото Илиџа заедно со локален водич. По завршувањето тргнуваме на панорамски разглед со автобусот каде се застанува на едно од местата и се гледа Сараево во целосна светлина каде што правиме неколку фотографии и тргнуваме кон следното место. Нашето следно место како за крај на Ноќно Сараево е највисоката зграда во градот Сараево Avaz Twist Tower каде ке имаме можност да се искачиме на 142м висина поточно 39 кат каде што има кафетерија и 360 степени панорамски разглед и една од најдобрите фото во диагонала поточно како изгледа Сараево во должина. По завршувањето се упатуваме во хотелот. Ноќевање.
Третиот ден започнува со појадок и во 07:30ч и започнуваме со целодневна екскурзија