Вила Реал Лукс (36)

Полихроно е лоциран на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Опкружен со медитеранска вегетација и долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Денес во Полихроно живеат повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, ресторани, кафулиња, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиpo, суфлаки, како пици и друга брза храна.

Вила Reall апартмани се наоѓа на 200 метри од плажа, во центарот на Полихроно уличката која од црквата се спушта кон плажа. Вилата располага со студија и апартмани на први кат како и мезонети на вториот кат кои што се состојат од софа на извлекување плус брачен кревет на втор кат. Во нејзина близина е пешачката улица каде што има многубројни ресторани, кафетерии, бич барови, продавници за сувенири и сл.

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. Услови за рана резервација: потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни цени.

РедТЕРМИН1/21/31/41/5
1 17.05-24.05.2026 99€* 109€* 119€* 129€* ПРОМО
2 24.05-31.05.2026 129€* 139€* 149€* 159€* ПРОМО
3 31.05-07.06.2026 159€* 169€* 179€* 189€*
4 07.06-14.06.2026 219€* 229€* 239€* 249€*
5 14.06-21.06.2026 249€* 259€* 269€* 279€*
6 21.06-28.06.2026 279€* 289€* 299€* 309€*
7 28.06-05.07.2026 499€ 509€ 519€ 529€
8 05.07-12.07.2025 539€ 549€ 559€ 569€
9 12.07-19.07.2026 579€ 589€ 599€ 609€
10 19.07-26.07.2026 609€ 619€ 629€ 639€
11 26.07-02.08.2026 669€ 689€ 699€ 709€
12 02.08-09.08.2026 679€ 699€ 709€ 719€
13 09.08-16.08.2026 679€ 699€ 709€ 719€
14 16.08-23.08.2026 639€ 669€ 679€ 699€
15 23.08-30.08.2026 609€ 629€ 639€ 649€
16 30.08-06.09.2026 269€* 279€* 289€* 299€*
17 06.09-13.09.2026 229€* 239€* 249€* 259€*
18 13.09-20.09.2026 169€* 179€* 189€* 199€*
19 20.09-27.09.2026 129€* 139€* 149€* 159€* ПРОМО
20 27.09-04.10.2026 99€* 109€* 119€* 129€* ПРОМО
  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Термините со * се однесуваат на цени по лице со вклучен превоз.
  • Минимум уплата на две лица. Трето, четврто и петто лице доплаќаат само превоз 50€ по лице.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За сопствен превоз не се одбива од цената.
  • Се одобрува 10% попуст за рана уплата – до 31.01.2026 (минимум 50% уплата) - 5% попуст за рана уплата од 01.02 до 15.04.2026.
  • Попустите за рана уплата не важат за промо пакетите.
  • Попустот важи само на редовни цени.
  • Задолжителна доплата на туристичка такса во вилата од 2 € по соба на ден - уплата на лице место.
  • Клима и WIFI се вклучени во цената.
  • За спојување на два термина – 10% од вториот термин.
  • Не се комбинира со попустот за рана уплата и не важи за промо пакетите.
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Во студио е дозволено сместување на лица според бројот на кревети, преку дозволени од број може да се смести максимум едно дете до неполни 5 год во легло со родителите.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • За хигиената, за време на престојот се грижат гостите.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • Превоз
    Цена за превоз на релација Скопје - Халкидики (секоја недела)

    Повратен билет 50 евра
    Поаѓање од МК:

    • Скопје (Дрводекор) - 04:00 часот

    • Велес (Бензиска пумпа Макоил) – 04:30 часот

    • Неготино (бензиска пумпа на автопат) – 05:00 часот

    • Граничен премин - 06:00 часот

    Поаѓање од Грција:

    • Пефкохори - 14:00 локално (13:00 мк време)

    • Ханиоти – 14:15 локално (13:15 мк време)

    • Полихроно – 14:30 локално (13:30 мк време)

    • Калитеа – 15:00 локално (14:00 мк време)

    Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
    Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се опредени доцнења, за кои однапред се извинуваме.