VILA M & B BOUTIQUE APP15

ЛЕТО 2026 Неа Рода

M&B Boutique

Неа Рода е мало, но живописно село на североисточниот брег на Халкидики, Грција. Се наоѓа на потегот на полуостровот Атос, во близина на морето, и е познато по својата природна убавина и мирна атмосфера. Неа Рода има пристап до прекрасни плажи, со кристално чисто море и спокојни води, идеално за одмор и рекреација.

Вила M&B Boutique се наоѓа во централниот дел на градот на само 150 метри од градската плажа. Вилата располага со четворокреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со: кујнски прибор, апарат за кафе/нескафе, тостер, електричен бокал за вода, фрижидер. Во кујните нема шпорет. Клима (вклучена во цена), тоалет опремен со сите средства за лична хигиена, пешкири, тераса и паркинг. Секојдневно чистење на собите. Во цената е вклучено неограничено користење на вода, кафе, двопек, путер, џем, мед, млеко за кафе.

1/4 студио - бр. 101 - се наоѓа на приземје. Студиото располага со голем брачен кревет, дупла софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години

1/4 студио - бр. 205 - се наоѓа на прв спрат со поглед на море. Студиото располага со голем брачен кревет, дупла софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години

1/4 студио - бр. 305 - се наоѓа на втор спрат со поглед на море. Студиото располага со голем брачен кревет, дупла софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години

1/4 апартман - бр. 204 - се наоѓа на прв спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има голем брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години

1/4апартман - бр. 304 - се наоѓа на втор спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има голем брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години

 10% ПОПУСТ за резервации направени до 02.08.2026

 Освен за термините со ЦРВЕНО

 

 

Термин

Ноќевања

1/4 студио

1/4 апп

31.05

7 ноќи

250

350

07.06

7 ноќи

300

450

14.06

7 ноќи

340

550

21.06

7 ноќи

450

650

28.06

7 ноќи

550 

750

05.07

7 ноќи

650 

850 €

12.07

7 ноќи

750 

1050

19.07

7 ноќи

850 

1150

26.07

7 ноќи

950 

1250

02.08

7 ноќи

850 

1250

09.08

7 ноќи

850 

1050

16.08

7 ноќи

950 

1250 €

23.08

7 ноќи

950 

1250

30.08

7 ноќи

850

1150

06.09

7 ноќи

650

1050

13.09

7 ноќи

550

750

20.09

7 ноќи

450

650

27.09

7 ноќи

300

500 €

 

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 21 еврo по студио/апартман, се плаќа во агенција.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни. 

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€

деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно