СКАЛА РАХОНИ
VILA AMARILIA
АМАРИЛИА СТУДИОС-РАХОНИ, ТАСОС
ЛЕТО 2027
Скала Рахони, мирно место на островот Тасос, е познато по својата мирна атмосфера и прекрасна природна околина. Местото е дом на неколку прекрасни плажи, вклучувајќи ја и популарната плажа Рахони, која се одликува со мирни, бистри води и мешавина од песок и камчиња.Оваа плажа е совршена за пливање и сончање, нудејќи релаксирачка атмосфера подалеку од гужвите и бучавата. Самото место го задржува својот традиционален грчки шарм, со тесни улички, локални продавници и таверни кои служат свежи морски плодови и регионални јадења. Опкружена со маслинови градини, борова шума и бујни ридови, Скала Рахони е одлично место за прошетки во природата и истражување на природната убавина на островот. Областа е идеална за оние кои сакаат да се опуштат и да уживаат во побавно темпо на живот. Без разлика дали се одмарате на плажа или уживате во автентичната грчка атмосфера на место, Скала Рахони нуди совршена мешавина од релаксација и шарм.
Амарилија Студиос е убава семејна вила која нуди студија за две, три и четири лица. Се наоѓа во Скала Рахони. Во склоп на вилата има прекрасна градина полна со маслинови дрва, вградена скара, простор со маса и столици за дружба. Достапен е и паркинг во околина каде можете слободно да се паркирате.
Вилата е оддалечена 1 км од центарот и 8 км од Лименас. Плажата е оддалечена 150 метри, песочна, со постепена длабочина и природна сенка.
Сместувањето нуди студија за двајца, тројца и четири лица, на приземје и прв кат.
Двокреветните студија имаат два единечни кревети или еден брачен кревет (со два споени душеци), исто така има и софа/фотелја која се пушта и на која може да спие дете. Третиот кревет во трокреветните студија е стандарден кревет.
Четворокреветните студија се опремени со два единечни кревети и два кревети на спрат. Сите студија имаат целосно опремена кујна, телевизор, клима уред, балкон, бања, фен и WiFi интернет. Чистењето се врши секој ден, додека постелнината и крпите се менуваат по три дена. Доаѓајќи од Лименас, од левата страна на главниот пат, ќе видите знак на кој пишува Амарилија, штом свртите, вилата ќе биде од ваша десна страна.
BLACK FRIDAY 20%ПОПУСТ
на цените во табелата (минимум уплата од 50%), важи до 30.11.2026, ОСТАТОКОТ СЕ ДОПЛАЌА 7 ДЕНА ПРЕД ТРГНУВАЊЕ
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE, DINERS или СТОПАНСКА БАНКА КАРТИЧКА
|
Термини |
1/2 студио |
1/3 студио |
1/4 студио |
|
04.06.-11.06.2027 |
239€ 191 € |
259€ 207€ |
299 € 239 € |
|
11.06.-18.06.2027 |
359€ 287 € |
389€ 311 € |
409 € 327 € |
|
18.06.-25.06.2027 |
429 € 343 € |
469€ 375 € |
499 € 399 € |
|
25.06.-02.07.2027 |
479 € 383 € |
509€ 407 € |
539 € 431 € |
|
02.07.-09.07.2027 |
509€ 407 € |
539€ 431 € |
569 € 455 € |
|
09.07.-16.07.2027 |
599€ 479 € |
629 € 503 € |
659 € 527 € |
|
16.07.-23.07.2027 |
599€ 479 € |
629 € 503 € |
659 € 527 € |
|
23.07.-30.07.2027 |
599€ 479 € |
629 € 503 € |
659 € 527 € |
|
30.07.-06.08.2027 |
639€ 511 € |
669 € 535 € |
699 € 559 € |
|
06.08.-13.08.2027 |
639€ 511 € |
669 € 535 € |
699 € 559 € |
|
13.08.-20.08.2027 |
599€ 479 € |
629 € 503 € |
659 € 527 € |
|
20.08.-27.08.2027 |
599€ 479 € |
629 € 503 € |
659 € 527 € |
|
27.08.-03.09.2027 |
449€ 359 € |
479 € 383 € |
509 € 407 € |
|
03.09.-10.09.2027 |
389€ 311 € |
409 € 327€ |
429 € 343 € |
|
10.09.-17.09.2027 |
259€ 207 € |
279 € 223 € |
299 € 239 € |
Во цената е вклучено:
- Наем на 7 ноќевања/8 дена
- Wi fi интернет
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во објектот
- Здравствено и патничко осигурување
- Клима уред 7 евра на ден се плаќа во објектот
Цена за превоз:
- Превоз со траект за возрасен 80€
- деца до 12 години со траект 65€
- Дете до 2 години – бесплатно
НАПОМЕНИ:
10. За резервации направени во периодот на рани резервации со промотивен попуст, уплатените средства(50% од сумата) не подлежат на поврат во случај на откажување од страна на патникот, согласно условите за патување.
11. Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
12. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
13. Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
14. По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
15. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
16. Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
17. Фотографиите објавени на веб страницата на туристичка агенција Меридијан се од информативен карактер. Организаторот не гарантира идентичност на секој визуелен детал, освен кога конкретна карактеристика е изречно наведена како договорен елемент на услугата.
18. Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
19. За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Меридијан;