VILLA AKIS (14)

Вила "AKIS" - Олимпик Бич

 

Бесплатно сместување за 3-то лице во студио | 5-то и 6-то лице во Дуплекс

 

Вила Akis се наоѓа на самата пешачка зона во Олимпик Бич и на 20m од плажа. Вилата располага со 1/2 студија, 1/2+1 студија со две редовни и едно дополнително легло, како и дуплекс апартмани со две одделни спални и голема дневна соба во која има петосед на расклопување. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер...), тоалет,огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со страничен поглед кон море/плажа, клима, ТV-LCD , гардеробер, сушара. На располагање на гостите е бесплатен  интернет. Студијата и апартманите се на први и втори кат и имаат просторни тераси со поглед кон плажа/море и пешачката зона.


 EARLY BOOKING - Лето 2026  

10%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26) 
  7%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26)
 

 

 

НАПОМЕНА

  • -  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то и 6-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
  • -  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • -  Во студио, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • -  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • -  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
  • -  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • -  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • -  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • -  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од вилата на автобуската постројка.
  • -  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!  (Агенцијата НЕ гарантира за брзината и квалитетот на интерентот);
  • -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • -  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  •  Доплата за туристичка такса  2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
  • -  Доплата за клима - 7€ од ден;
  • -  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • -  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
Автобуски превоз ОЛИМПИК БИЧ, според термини од табелата  Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање  Време на поаѓање Скопје - Олимпик Бич (275km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол-Автопат) 04:15h

 Скопје - Катерини - Паралиа -   Олимпик бич
 
 Автопат (Е75)

 Трошоци во еден правец:
 Патaрини во Македонија (280ден)
 Патарини во Грција (5.20€)

 Скопје:  (пред хотел Континентал) 05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта) 05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија)  05:45h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол)   06:10h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица)  07:00h
 Поаѓање од Олимпик Бич:  16:00 по МК време / 17:00 по ГР време на околу 200m од вилата

GPS Coordinates:  40.238531, 22.587753