VILA FILOXENIA (15)

ВИЛА ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа во крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел. На 50 метри од плажа во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрва, во дворот има лулашки за деца.  Вилата има сопствен паркинг и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со трикреветни студија(на приземје) и четворокреветни апартмани(на прв и втор кат). Сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, Wi-Fi и клима(се доплаќа 4евра на ден).

 

ПОПУСТ  - 10%                  за комплетни уплати до 28.03.2023

 

 

ПРОМОЦИЈА ЛЕТО 2023

Термин 21.05.- 99 е
Термин 28.05.- 109 е
Термин 04.06.- 119 е

Понудата е по лице со вклучен автобуски превоз за 7 ноќевања*


 

ЦЕНИТЕ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ за 7 или 9 ноќи на СТУДИО / АПАРТМАН

Термин

Ноќи

1/3 СТД

1/4 АПП

04.06

7

180

200

11.06

7

220 €

260 €

18.06

7

290 €

320 €

25.06

7

330 €

380 €

02.07

9

390 €

490 €

11.07

9

520 €

580 €

20.07

9

570 €

650 €

29.07

9

570 €

650 €

07.08

9

570 €

650 €

16.08

9

570 €

650 €

25.08

9

490 €

580 €

03.09

7

360 €

420 €

10.09

7

300 €

380 €

17.09

7

220 €

260 €

24.09

7

180 €

200 €

 

НАПОМЕНИ:

- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.

- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.

- Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.  Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00часот, поаѓање во 01.30часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.  Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд). 

-    За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.

- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време

- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман

- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

- Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

Aгенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите.

   

Доплата за превоз:                

  Превоз за возрасен 70 евра / Еден правец 50 евра

  деца до 12години 50 евра / Еден правец 35 евра

  Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно


ЛОКАЦИЈА