VILA ELIT (5)

На 70км. од Солун се наоѓа Паралија, едно од најпознатите и најпосетувано летувалиште во Грција. Посебно се препорачува за љубителите на шопингот и добриот провод, со многу продавници, кафичи, дискотеки, таверни…. Живо место со голема плажа и топло море, поволно за посета пред и после сезона.


Вила Елит се наоѓа во центарот на Паралија на 80-90м. од плажа. Вилата располага со студија 1/2 со два единечни кревети, 1/3 со еден дупли и еден единечен кревет. Сите студија се на прв и втор спрат опремени со кујна, купатило, тераса, ТВ, Wi-Fi и клима уред ( доплата 5 евра на ден).

 

ПАРАЛИА – ЕЛИТ


ПЕРИОД

НОЌИ 1/2

1/3

02.06-09.06

7 90 100
09.06-16.06 7 120

140

16.06-23.06

7 170 190
23.06-30.07 7 230

250

30.06-07.07

7 260 280
07.07-14.07 7 280

300

14.07-21.07

7 300 320
21.07-28.07 7 300

320

28.07-04.08

7 300 320
04.08-11.08 7 300

320

11.08-18.08

7 300 320
18.08-25.08 7 290

310

25.08-01.09

7 260 280
01.09-08.09 7 220

240

08.09-15.09

7 170 180
15.09-22.09 7 130

140

22.09-29.09

7 90

95

Цените се изразени во евра за наем на студио за 7 ноќевања (1евро=62ден)
Доплата за туристичка такса 0,5 евра по соба на ден (плаќање во агенција)

Автобуски превоз: Прилеп 05.00ч.  Враќање: Паралија 14.00ч. по локално време.
Цена за превоз: 2100 ден. повратен билет, за деца до 14 год. – 1500 ден.


Напомена:
Задолжително патничко здравствено осигурување – информации во агенција
За хигиената во студијата за време на престојот се грижат самите клиенти.
Собите се напуштаат во 09.00ч., сместувањето е во 13.00ч. по локално време.

Останати услови :

  • Патниците се должни  1 ден пред поаѓање да се информираат во агенција во врска со патувањето.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 10-15 минути пред поаѓањето.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира превозното средство
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • При сместувањето, ако гостите забележат некој недостаток, или дел од инвентарот да е оштетен, должни се да ги известат сопствениците на објектот,или лицето кое ги сместува, за да не дојде до плаќање на веќе оштетен инвентар.
  • Агенцијата организатор не може да ја гарантира брзината ниту достапноста на интернетот во објектите каде што е наведен интернетот  како бесплатна услуга.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.