VILA MARIA LUX (14)

Вила "MARIA LUX" - Ханиоти

Бесплатно сместување за 3-то лице во студио / 3-то, 4-то и 5-то лице во апартман со една спална 

 

Вила “Maria Lux” се наоѓа во центарот на Ханиоти (веднаш до вила "Maria") односно на почетокот на Плоштадот и нa oколу 150m oд плажа. Вилата е ново изградена во Октомври 2018 година. Располага со: комфортни струдија за три лица и апартмани со една спална соба за пет лица со големи тераси. Опис на собите: 1/3 студио на ниско приземје (сутерен) 1/3 студио на високо приземје и 3+2 апартмани со една спална на I и II кат. Сите се комфортни и комплетно опремени со нов мебел со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер...), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен   интернет, гардеробер, сушара, широки балкони, масичка со столчиња со поглед напред на улицата, Плоштадот. Вилата е со одличен квалитет на сместување, комфорт, локација. Ви посакуваме пријатен престој.

 

EARLY BOOKING - Лето 2026

15%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26) 
  10%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26)  

 

 

НАПОМЕНА

  • -  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • -  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • -  Во студио и апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • -  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години - БЕСПЛАТНО;
  • -  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • -  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • -  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • -  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата. Кај "Lemonis Bakery".
  • -  Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
  • -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • -  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • -  Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
  • -  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • -  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
Автобуски превоз ХАНИОТИ, според термини од табелата
Патни информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје - Ханиоти (340km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол - автопат)   04:15h 

 Скопје - Солун - Неа Модања - Калитеа - Ханиоти

 Автопат (Е75)

 

 Трошоци во еден правец:
 Патерини во Македонија (430ден)
 Патарини во Грција (2.30€)

 Скопје:  (пред хотел Континентал)  05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта)  05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија)   05:45h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол)   06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица)  07:00h
 Поаѓање од Ханиоти:   14:10 по МК време / 15:10 по ГР време (на околу 100m од вилата)

 

GPS Coordinates:   40.000296, 23.573370