VILA GREGORIOU 9 noki bez prevoz/9

КАЛИТЕА лето 2026 Грција | Халкидики: Калитеа, што во превод значи „убав поглед“, со право го носи своето име. Ова прекрасно одморалиште се наоѓа на Касандра, првиот крак на Халкидики, на околу 90 километри од Солун.Сместена покрај прекрасните песочни плажи и тиркизното Егејско Море, Калитеа е совршено место за релаксирачки одмор, но и за истражување на богатата историја и култура на Грција.Калитеа е позната по долгите песочни плажи, кристално чистото море и природната сенка обезбедена од боровите дрвја. Главната плажа е добро одржувана и идеална за семејства со деца. Љубителите на активни одмори можат да уживаат во водени спортови, додека оние кои бараат мир може да истражуваат помали, скриени заливи во близина.За оние кои сакаат забава, Калитеа е непропустлива дестинација. Одморалиштето е познато по својот богат ноќен живот со бројни барови и клубови покрај брегот, кои нудат незаборавни забави до раните утрински часови. Калитеа е омилена дестинација за младите од цела Европа.

Вилата се наоѓа во самиот центар на Калитеа во непосредна близина на главното шеталиште. Одалечена од плажата е околу 400 метри. Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија на приземје, први и втор спрат а апартманите се на први спрат. Сите студија и апартмани се  опремени со кујнски дел, бања, тераса, ТВ и клима уред кој е вклучен во цената. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.


ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН, БЕЗ ПРЕВОЗ | КАЛИТЕА лето 2026 Грција​
Вила GREGORIOU30.05. 08.06.08.06. 17.06.17.06. 26.06.26.06. 05.07.05.07. 14.07.14.07. 23.07.23.07. 01.08.01.08. 10.08.10.08. 19.08.19.08. 28.08.28.08. 06.09.06.09. 15.09.15.09 24.09
Број на ноќевања 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9
Студио 02 наем приземје 320 375 495 550 630 680 720 790 790 720 580 480 375
Студио 03 наем приземје 340 395 550 580 675 740 770 920 920 770 620 520 395
Студио 04 наем приземје 355 420 580 620 715 785 820 950 950 820 645 550 420
Студио 02 наем спрат 335 395 540 585 670 730 770 870 870 770 615 515 395
Студио 03 наем спрат 350 420 575 625 715 780 820 895 895 820 655 550 320
Студио 04 наем спрат 370 450 595 670 760 830 870 970 970 870 695 580 350
Апартман 03 наем спрат 375 445 595 650 755 820 870 960 960 870 690 580 445
Апартман 04 наем спрат 395 470 650 695 795 885 920 995 995 920 740 615 470
  • Климата е вклучена во цената
ТУРИСТИЧКА ТАКСА Од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување. Очекуван износ на туристичката такса за 2026 годинa е 2 евра по студио / апартман на ден.

НАПОМЕНА за КАЛИТЕА лето 2026 - Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари. За овој аранжман важат oпштите услови за патување