VILA ALEXANDROS GARDEN 9 noki bez prevoz (9)
ЛЕТО 2026
ВИЛА ALEXSANDROS GARDEN
Вилата се наоѓа на околу 600 метри од плажата во Пефкохори, опкружена со сопствен, убаво уреден ограден двор што им обезбедува на гостите чувство на приватност и мир за време на нивниот престој. Поседува двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија, трокреветни и четирикреветни апартмани. Сите сместувачки единици се наоѓаат на приземје, на прв и втор кат и се состојат од мини-кујна (фрижидер, шпорет, основни садови), бања (TWC), телевизор, клима уред (со доплата на лице место) и тераса. Студијата и апартманите на приземје имаат пристап до дворот. Во пространиот двор на вилата има базен и места за седење, идеални за вечерна релаксација. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми
