|
Вила "MARIA" - Ханиоти
|
 |
|
Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во студио
|
Вила “Maria” се наоѓа на одлична локација во центар на Ханиоти, односно на самиот плоштад и нa oколу 150m oд плажа. Располага со 1/2 - 1/3 студија со редовни легла како и 1/3+1 студио со три редовни легла и едно на извлекување (поставени нови душеци на секое легло во 2021). Сите студиа се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер...), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен
интернет, гардеробер, сушара, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња со поглед на плоштадот, кон многуте барови, ресторани, продавници.. Студиата за две лица се наоѓаат на први и втори кат и имаат поглед назад, останатите студија поглед напред. Вилата е со одличен квалитет на сместување и локација Ви посакуваме пријатен престој.
EARLY BOOKING - Лето 2026
10% ПОПУСТ за термините во МАЈ и ЈУНИ за резервации до 01 април 26

НАПОМЕНА
- - Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- - Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години - БЕСПЛАТНО;
- - Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- - Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- - Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неотино / Гевгелија;
- - Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата (на автобуска постројка);
- - Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- - Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
- - Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
Автобуски превоз ХАНИОТИ, според термини од табелата
|
Патни информации |
| Град на поаѓање |
Mесто на поаѓање |
Време на поаѓање |
Скопје - Ханиоти (340km) |
| Куманово: |
(бензинска Макпетрол - автопат) |
04:15h |
Скопје - Солун - Неа Модања - Калитеа - Ханиоти
Автопат (Е75)
Трошоци во еден правец: Патерини во Македонија (430ден) Патарини во Грција (2.30€)
|
| Скопје: |
(пред хотел Континентал) |
05:00h |
| Штип: |
(паркинг пред нова пошта) |
05:00h |
| Велес: |
(бензинска Макоил, мотел Македонија) |
05:45h |
| Неготино: |
(бензинска, Макпетрол) |
06:15h |
| Г.П. Богородица: |
(бензинска, Oкта / Богородица) |
07:00h |
| Поаѓање од Ханиоти: |
14:10 по МК време / 15:10 по ГР време (на околу 100m од вилата)
|
GPS Coordinates: 40.000297, 23.573473