• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

HOTEL BISTRA ****

Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.

Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ.

Нашиот ресторан нуди богат избор на исклучителни специјалитети од морска храна и традиционални јадења.

Придружете ни се во нашиот бар, во моментите на релаксација. Ќе имате можност да сретнете нови луѓе и да поминете квалитетно време со вашите пријатели.

Уште едно одлично место. За сите кои сакаат да се освежат имаме одличен базен.
Тој е идеален за подобрување на вашата кондиција, за забава или само за освежување на крајот од денот. Уште една можност за релаксација нуди и нашето џакузи.

За сите вас кои сакате спортски активности, ние имаме целосно опремен фитнес клуб за рекреација.

Во хотел Бистра можете максимално да се релаксирате со нашата сауна. Пространата сауна ви е на располагање за одмор, релаксација и разговор, Хотел Бистра располага и со игротека за најмладите гости.

 

Дадените цени се за ноќевање со појадок и вечера.

Осигурување, туристичка такса, и ДДВ вклучено во цената

 

Базен, сауна, џакузи и фитнес е бесплатно.

Деца до 6 годишна возраст - Бесплатно.
Деца од 7 - 12 год: 50% од цената за возрасни. 
Деца над 12 годишна возраст - 100% од цената.

Во цените е вклучено: 

  • појадок , бесплатен интернер, бесплатен паркинг, туристичка такса, 20% попуст на дневната ски карта
  • употреба на спа (внатрешен базен, турска бања и џакузи во Хотел Бистра)
  • Употреба на спа (внатрешен базен и сауна во Хотел Спорт)
  • Туристичка такса и осигурување

Доплати и услови на сместување: 

  • Доплата за дополнителен оброк (ручек) 7еур по лице на ден
  • Доплата за 3то возрасно лице – 40% попуст нацената на возрасен
  • Check in: 14:00h, Check out 10:00h.
  • Касно одјавување од хотел до 18часот – 40% од регуларната цена по ноќ