Nemo House-10 ноќи/сопствен превоз (53)

NEMO Studios е комплекс од 3 згради, кои се наоѓаат на самата плажа во Полихроно, на одлична локација за мирен одмор. Недалеку од комплексот започнува убаво шеталиште, кое се протега по целата должина на брегот. Одлична локација за мирен одмор. Во непосредна близина на комплексот има маркет, пекара, сувенирница, голем број на ресторани, кафулиња и бутици. Во првата зграда, која е најблиску до морето е сместен убав beach bar со богат избор на пијалоци и преубав поглед на морето. Гостите може да ги паркираат своите возила на јавниот паркинг во непосредна близина или  покрај комплексот. Користењето на клима уредот и WI–FI интернет е вклучено во цената. Чистењето на студијата е на 3 дена а промена на постелнината и пешкирите е на половина од престојот.

 
 

 

1/2 std      – 150 €

1/2+1 std – 177 €

 

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 

ОПИС:

1/2 СТУДИО

2 единечни или 1 француски кревет со стандардни димензии, кабелска ТВ, клима уред (бесплатно), шифоњер, сеф (бесплатно), наткасна покрај креветот и наткасна со огледало, кујна во истата просторија со решо со 2 рингли, аспиратор, бокал за греење вода и садови и прибор за 2 лица. Купатило со туш кабина, бесплатна WI-FI интернет конекција. Има пешкири – 1 мал за лице и 1 голем за тело. На терасата има маса со 2 столици.

1/2+1 СТУДИО

2 единечни или 1 француски кревет со стандардни димензии и фотеља на развлекување, кабелска ТВ, клима уред (бесплатно), шифоњер, сеф (бесплатно), наткасна покрај креветот и наткасна со огледало, кујна во истата просторија со решо со 2 рингли, аспиратор, бокал за греење вода и садови и прибор за 2 лица. Купатило со туш кабина, бесплатна WI-FI интернет конекција. Има пешкири – 1 мал за лице и 1 голем за тело. На терасата има маса со 3 столици.

 

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-20 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или метална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.