• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ВЕНЕЦИЈА (Фиренца-Верона- Сирмионе) (23)

1 ден   17.04.2020                                 

Состанок на групата во 13.30 ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 14.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден  18.04.2020 ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:

Пристигнување во Лидо ди Јесоло во предпладневните часови.Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.   Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 19.04.2020  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ФИРЕНЦА:

Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити...  Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

 

4 ден  20.04.2020  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - СИРМИОНЕ – ВЕРОНА 

Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.

 

5 ден  21.04.2020 

Пристигнување во попладневните часови .

 

 ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  15.02.2020: 129евра / 8.000 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 149 евра / 9.240 ден

                                                                                                                                

Цената вклучува:

-Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

-2 ноќевања со појадок во регија Венето, хотел 3*

-Организација на аранжманот

- Лиценциран туристички придружник на патувањето

 

 Цената не вклучува:

- Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција  20 

- Целодневна посета на Фиренца 45 €

-Целодневна задолжителна посета на  Веронаи Сирмионе 20€

- Крстарење со брод по канал Гранде 15€

- Туристичка такса за ноќевање во Италија( 1  по лице по ноќ, се плаќа во агенција)

- Влезници за музеи и споменици

- Задолжително патничко осигурување 175 мкд

- Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Останатите услови на патување важат според годишниот програм 
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.