Vila Edem - 10 ноќи (100)

Локација: Вила Едем се наоѓа во Лименас, на 7 минути пешачење од плажата Папијас и 1 км од плажата Тарсанас. Реновирана е во 2019 година и адаптирана за релаксирачки одмор.

Содржина на вилата: Во понудата имаме двокреветни и трокреветни студиа кои се наоѓаат на прв, втор и трет кат од вилата. Вилата има сезонски надворешен базен, лежалки и бар покрај базенот. Во дворот на вилата се наоѓа и туш, како и просторија каде патниците можат да ги остават своите работи последниот ден пред напуштање на вилата. Вилата има паркинг, видео надзор, бесплатен WiFi, како и клима за која се доплаќа 8 евра од ден.

Соби: Собите имаат кујна со основен прибор за подготовка на лесни оброци, плакар,  ТВ, сеф, постелнина и крпи. Промена на пешкири и постелнини на секои 5 дена. Чистење на вилата секој ден.

Ценовник  ЛЕТО 2024

Попусти за плакање : First minute 

Аранжмани на 10 ноќевања

Vila Tip Usluga 18.05 28.05 07.06 17.06 27.06 07.07 17.07 27.07 06.08 16.08 26.08 05.09 15.09
Vila
Edem
TV, AC
-bazen-
1/2 Std NA 105* 120* 195* 475 595 750 875 875 875 815 300* 230* 175*
1/3 Std NA 90* 100* 150* 495 615 775 895 895 895 835 255* 215* 155*
Употреба на клима 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден 8€ на ден

1.Едно дете, до 5 години, во кревет со родители – бесплатно. Две деца се третираат како еден возрасен.

  • Во студијата или апартманите првиот ден влезот е во 15:30 часот (по локално време), а последниот ден студијата и апартманите се напуштаат до 09:00 часот (по локално време). Патниците влегуваат во исчистени и подготвени сместувачки капацитети, но за време на престојот се должни да се грижат за нивната хигиена. Сите апартмани и студија имаат основен кујнски прибор и опрема, но не и тоалетна хартија и средства за хигиена. Не е можно да се избере кат, поглед или број на соба, освен ако не е поинаку наведено во програмата.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да откаже или организира одредени поаѓања во соработка со друга агенција. Минималниот број на патници за организација на аранжманот е 30. Во случај на откажување, минималниот рок е 15 дена пред почетокот на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото да ги продаде своите слободни капацитети преку понудите LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Странките кои го платиле аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • Доплата за еднокреветна соба (1/1) е целосната цена што ја плаќа другото лице
  • Услови за деца и доплати за дополнителни кревети (попустите важат само кога има две лица кои целосно плаќаат):
    – деца до 10 години плаќаат 70% од цената на аранжманот, имаат сопствен кревет и седиште на автобус.
    – Деца до 5 години можат да спијат со родителите во кревет без доплата. Доколку користат и превоз, ја плаќаат само цената на автобуската карта
    – лице на дополнително легло плаќа 70% од цената на аранжманот, користи дополнително легло и седиште во автобус.
    Доколку имате потреба од креветче, за кое при резервација на аранжманот потребно е да се нагласи во агенцијата, агенцијата го обезбедува по цена од 2 евра/ден.
  • Услови за неискористени кревети во сместувачки единици:
    – кревети кои не се користат и се во собата се доплаќаат 70% од цената на пакетот
  •  

    -50% при пријавување, остатокот најдоцна 30 дена пред датумот на поаѓање. Доколку странките не го платат преостанатиот износ до целосната цена на аранжманот во пропишаниот рок, се смета дека се откажале од користење на аранжманот и дека резервацијата е откажана.