• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

AMELIA LUX APARTMANI (88)

 

До плажа може да се стигне користејќи скали кои започнуваат веднаш во самиот двор на вилата и водат до плажата пред Хотелот Маргарита, или може со автомобил преку главната улица. Центарот на градчето е оддалечен на само 2 минути пешачење. Од спротивна страна на вилата се наоѓа најголемиот маркет во Калитеа, Мазутис. Пред Амелиа Лукс Апартманите има паркинг кој може да го користат гостите во зависност од моменталната расположливост со слободни места. Дел од апартманите имаат комплетно опремена кујна , додека пак некои од нив поседуваат само чајна кујна (решо за подгревање на храна и фрижидерче). Сите апартмани и студиа имаат клима уред, телевизор, Wi-Fi, пешкири, фен, мини фрижидери (со мала комора без опција за количинско складирање на храна и пијалоци). Студиата и апартманите се чистат секојдневно, а менување на постелнина на секои 3 дена.


Арго (3+1) 1 брачен кревет (160×200см) + 1 единечен (200×90) + 1 софа ( може 1 дете до 11,99 год.

Целото студио е отворено – се е во еден простор, прво доаѓа единечниот кревет, па по ходник од левата страна се наоѓаат посебни тоалет и туш бања, па се доаѓа до брачниот кревет каде што се наоѓа и софата. Има чајна кујна со фрижидер и плотна за подгревање на храна. Голема тераса со две лежалки, маса со столици и џакузи и гледа према море.


Санторини (3+1) 1 брачен кревет (160×200см) + 1 единечен (200×90) + 1 софа ( може 1 дете до 11,99 год.

Целото студио е отворено – се е во еден простор, прво доаѓа тоалетот па единечниот кревет каде што има чајна кујна со фрижидер и плотна за подгревање на храна. Потоа е брачниот кревет каде што се наоѓа и софата. Голема тераса со две лежалки, маса со столици и џакузи и гледа према море.


Ира (3) 1 брачен кревет (160×200см) + 1 единечен (200×90)

Целото студио е отворено – се е во еден простор, прво доаѓа тоалетот од левата страна, и од десната единечниот кревет со чајна кујна со фрижидер и плотна за подгревање на храна. Потоа е брачниот кревет. Голема тераса со две лежалки, маса со столици и џакузи и гледа према море.


Артемис (4+1) 1 брачен кревет (160х200см) + 1 единечен (200х90см) + 1 софа ( може 2 деца до 11,99 год. или 4то возрасно лице + Дете до 11,99 год.

Целото студио е отворено – се е во еден простор, кујната е оделена со шанк,  тоалетот е со туш кабина и се наоѓа на крај на студиото. Има кујна со можност за готвење, и мал мини фижидер. Се наоѓа на приземје и гледа према море. Пред студиото исто има 2 лежалки.


Калипсо (5+1) 2 брачни кревети (160х200см), софа за уште 2 лица (210х120см) погодна за 2 деца до 11,99 год или 1 возрасен со 1 дете до 11,99 год.

На влез во апартманот е брачниот кревет, се поминува низ ходник каде што е софата, по овој дел следи кујната со трпезариска маса и мини фрижидер, решо со можност за готвење. Веднаш по неа е тоалетот со туш, и на крај е спалната оделена со брата во које има брачно легло, во неа нема прозор, но затоа има апарат за проветрување. Првата просторија каде е првиот брачен кревет не е физички одделен со врата од останатиот простор, едиствено последната спална се затвара со врата. Се наоѓа на приземје и гледа према море. Пред апартманот има 2 лежалки.


Афродити (2+1) 1 брачен кревет (160х200см) + 1 софа за дете до 11,99 год (190х85см).

При влез во студиото е софата за спиење, а спалната е одделена со ходник, во неа се наоѓа и мини кујната со мало мини фрижидерче, од спалната се влага во тоалетот со туш кабина. Се наоѓа на приземје и гледа према море. Пред студиото има две лежалки.

*Студијата Афродити и Елени се одделени со врата, па така може да се користат како 1 апартман за поголема фамилија или одделно според описот.


Елени (2) 1 брачен кревет (160х200см).

Брачниот кревет е во ист простор со кујната со мини фрижидерче. Се наоѓа на приземје, гледа према море. Пред студиото има две лежалки.


Атина (4+1) 1 брачен кревет (160х200см) + 1 единечен (200х90см)  + 1 софа (200х85) + 1 софа (270х90см). Целиот простор е со отворен план, нема засебни соби за спиење, се е во еден простор каде се наоѓа внатрешно џакузи и кујна, клима и тв. Се наоѓа на приземје и гледа према море.Пред студиото има 2 лежалки.


Емилија (3+1) 1 брачен кревет од (160х200см) + 1 единечен (200х90см) и еден тросед на расклопување (190х130см) погодно за 2 деца до 11,99год.

Кујната е во склоп на студиото со мини фрижидер. Тоалетот се наоѓа на крајот од студиото, и е со туш кабина. Исто така има клима и тв. Се наоѓа на приземје и гледа делумно према море бидејки пред него има зеленило.Пред студиото има 2 лежалки.


Миконос (1/4) 1 брачен кревет (160х200см) + 1 единечен (200х90см) + 1 софа (250х80см).

Целиот простор е од отворен план, кујната е во склоп на истото со мал мини фижидер, клима и тв. Тоалетот е посебно од туш кабината. Се наоѓа на приземје и гледа делумно према море бидејки пред него има зеленило. Пред студиото има 2 лежалки.


Лида ( 2+2 ) Студио од отворен тип, има 1 брачно легло од (160х200см) + 1 софа за 2 деца до 11,99 год. Во склоп на студиото е и кујната со мини фрижидерче, клима и тв. Тоалетот е на крај со туш кабина. Се наоѓа на приземје и е свртено према море, но нема поглед бидејки пред него има зеленило. Пред студиото има 2 лежалки.


Елеонора (3+1) Студио од отворен тип, има 1 брачно легло од (160х200см) + 1 софа за 2 деца до 11,99 год.

Во склоп на студиото е и кујната со мини фрижидерче, клима и тв. Студиото се наоѓа на приземје, свртено према море и странично према друга вила и нема поглед кон морето бидејки има зеленило. Пред студиото има 2 лежалки.


-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 31.01.2020

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ


Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети).
Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Цените се изразени за изнајмување на студио од ден според описот на сместување

 

Период

argo

santorini

ira

artemis

calypso

afroditi

eleni

athina

emilia

myconos

lida

eleonora

капацитет

3+1

3+1

3

4+1

Апп 5+1

2+1

2

4+1

3+2

4

2+2

3+1

15.04 -30.04

31

31

31

31

31

21

16

31

26

26

21

21

01.05 -20.05

48

48

48

48

48

34

28

48

41

41

34

34

21.05 -10.06

58

58

58

58

58

48

41

58

55

55

48

48

11.06 -05.07

81

81

81

81

81

68

60

81

77

77

68

68

06.07 -20.08

102

102

102

102

102

77

68

102

85

85

77

77

21.08 -10.09

85

85

85

85

85

68

60

85

77

77

68

68

11.09 -30.09

58

58

58

58

58

41

34

58

48

48

41

41

01.10 -15.10

31

31

31

31

31

21

16

31

26

26

21

21

 

Превоз

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики:

Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
 Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Кичево за Халкидики:

Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон – 30еур по лице
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице

Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур Битола и Прилеп

Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Возрасни лица над 63год – 10еур попуст

 

Време на поаѓање за Халкидики од Скопје:

3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
5:00Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
4:00Скопје (Дрводекор)
4:30 Велес (БП мотел Македонија)
5:00 Неготино (БП Неготино)
5:40 Удово (БП Удово)
6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

Време на поаѓање за Халкидики од Кичево:

4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
2:15 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
3:15Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

Поаѓање од Грција:

15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори