KORALI HOUSE sopstven prevoz (53)

Се наоѓа во централниот дел на Олимпик Бич, на пешачката зона, на 70 м оддалеченост од плажата. До куќата е паркот со содржини за деца. Куќата е неодамна реновирана и комплетно опремена. Сместувањето е на првиот, вториот и третиот кат, а на приземјето е продавница за сувенири. Некои од студијата се со страничен поглед на море, а останатите со поглед кон дворот. Во дворот е гарнитура за седење, туш… Во нејзина непосредна близина се наоѓаат супер маркет, пекара и повеќе кафулиња.

 
 

 
УСЛОВИ
  • Услови за деца во студио/ апартман • две деца до 10 г. Можат да користат еден кревет. Дете 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.
  • Користење на климата се доплаќа 5 еур на ден

  • Бесплатен WI-FI: АГЕНЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАРАНТИРА БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТОТ И НЕ Е ОДГОВОРНА ВО СЛУЧАЈ НА СЛАБ СИГНАЛ И СНЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ЗАРАДИ ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ.

Tаксата за престој во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот)!

За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин. 40% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.