АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ
БЕЛГРАД l 2НП -109€ (34)
Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна.Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.
Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.
Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во
претпладневните часови, сместување во хотел... По сместувањето следува разглед на Белград
со придружба на локален водич. Ќе имаме можност да ги посетиме: Булевар Револуција, Собранието,
плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан
(Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)... Во вечерните часови е предвидено
факултативна посета на некоја од Белградските клубови/сплавови каде ќе го запознаеме надалеку
познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.
Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:
✅ Две ноќевања хотел (со појадок) во двокреветни или трокреветни соби во Белград.
✅ Автобуски превоз
✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот
✅ Организација на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
– Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден
– Факултативи ( разглед на Белград со водич, посета на Нови Сад, забава во некоја од белградските боемски кафани)
– Индивидуални трошоци.
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето