Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас!
Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.
Програма
1
Ден 1 : 07.12.2023 (ЧЕТВРТОК)
Состанок на групата на Дрводекор во вечерните часови. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
Ден 2 – 08.12.2023 (ПЕТОК)
Во утринските часови пристигнување во Будва. Сместување во апартмани во центарот на Будва. Слободно време за прошетка низ стариот град на Будва или посета на Словенска плажа. Ноќевање.
3
Ден 3 – 09.12.2023 (САБОТА)
Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник. Најпрво се упатуваме кон Портомонтенегро - уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. По посетата, се упатуваме кон Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање
4
Ден 4 – 10.12.2023 (НЕДЕЛА)
Во договореното време одјавување од вилата и поаѓање кон Бар. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје, пристигнување околу полноќ.
ПРОМО ЦЕНА 89 ЕВРА / РЕДОВНА ЦЕНА 109 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања апартманско сместување во центарот на Будва
- Посета на Острошки Манастир
- Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Целодневна факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник - 30 евра
- Туристичка такса 1.50€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 2000ден од аранжманот
- Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место