Рим и крстарење по Западен Медитеран (02.10.2023 – 11.10.2023) (49)

Групни Крстарења


ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА Рим, Палма Де Мајорка, Барселона, Џенова, Кан, Ла Специја

 

Поаѓање: 02 октомври 2023 10 дена / 9 ноќи

 

Ден Датум Место / пристаниште Пристигнување Заминување
1. Понеделник 2. 10. 2023 Скопје – Рим   04:10
2. Вторник 3. 10. 2023 Рим
3. Среда 4. 10. 2023 Чивитавекија Civitavecchia(Rome), ИТАЛИЈА 19:00
4. Четврток 5. 10. 2023 Ден на море (Пловидба)
5. Петок 6. 10. 2023 Палма де Мајорка Palma de Mallorca, ШПАНИЈА 09:00 23:00
6. Сабота 7. 10. 2023 Барселона Barcelona, ШПАНИЈА 08:00 17:00
7. Недела        8. 10. 2023 Кан (Азурен Брег) Cannes (Côte d’Azur),  ФРАНЦИЈА 08:30 17:30
8. Понеделник 9. 10. 2023 Џенова Genoa(Portofino), ИТАЛИЈА 07:00 18:00
9. Вторник 10. 10. 2023 Ла Специја La Spezia (Cinque Terre), ИТАЛИЈА 07:00 18:00
10. Среда 11. 10. 2023 Чивитавекија Civitavecchia(Rome), ИТАЛИЈА 07:00

 

 

Ден / Место Програма на патување
1. ден (02.10.2023)

 

СКОПЈЕЧИВИТАВЕКИЈА

(Civitavecchia)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 02:00 часот. Полетување за Рим преку Белград во 04:10 часот. Пристигнување во Рим во 08:20. По завршување на пасошки и царински формалности, поаѓање на панорамски разглед на Рим. Разглед на Колосеумот, Римскиот форум и Плоштадот Венеција. Во попладнвните часови, пријавување во хотелот. Слободно попладне. Ноќевање. 

 

Предлог: Вечера во некој од рестораните на Трастевере.

 

Рим е главен град на Италија и на регионот Лацио. Со скоро 3 милиони жители, тој е најголем град во Италија и четврти по големина во Европската Унија. Ватикан е независна држава во рамките на градот и е единствен таков пример во светот и затоа Рим често го нарекуваат главен град на две држави.

.

Рим има статус на глобален град, во 2014 година е рангиран како 14ти најпосетен град во светот, трет најпосетен град во Европа и најпопуларна атракција во Италија. Историскиот центар на градот е вброен во светското културно наследство на УНЕСКО. Спомениците и музеите како што се Ватиканските Музеи и Колосеумот се вбројуват помеѓу најпосетените туристички дестинација кои ги посетуваат милиони туристи годишно. Рим бил домаќин на летните Олимписки игри во 1960 година и е седиште на Организацијата за Храна и Агрикултура на Обединетите Нации.

2. ден (03.10.2023)

 

РИМ

Појадок.

 

 

Тргнуваме на пешачка тура низ Рим. Кулата на Ангелите, Виа дел Корсо, Плоштад Попули, Плоштад Навона, Шпански Скали, Фонтана ди Треви, Вила Борџија.

 

Слободна вечер и ноќевање.

3. ден (04.10.2023)

 

Рим и укрцување на бродот


Појадок.

 

 

Предлог: Факултативна посета на Ватикан

 

Одјавување од хотелот и автобуски трансфер до пристаништето во Чивитавекија. Чекирање и укрцување на бродот. Сместување во кабини и слободно време на бродот. Испловување во 19:00 часот.

4. ден (05.10.2023)

 

Пловидба

 

 

Слободно време за уживање на содржините на бродот

5. ден (06.10.2023)

 

ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА

(Palma de Mallorca)



Пристигнување во Мајорка во 09:00 часот. Слободно време за разгледување на Мајорка со нашиот водич. Испловување на бродот во 23.00 часот. 

 

Мајорка е главен и најголем град на автономната заедница на Балеарските острови во Шпанија. Сместена е на јужниот брег на Мајорка во заливот Палма. Во градот и околината живеат над 600.000 илјади жители што ја чини Палма 12ти град по големина во Шпанија. Аеродромот во Палма опслужува над 22 милиони патници годишно.

Палма е основана како Римски камп кој им користел на Римјаните како пристаниште преку кое пловеле кон Африка. По падот на западното Римско Царство градот бил под Византиска контрола многу кратко по што во 902 година бил освоен од Маврите и бил под Исламска контрола до 1229 година. Во тој период на власт се смениле повеќе династии на исламски владетели. На 31 декември 1229 година по 3 месечна опсада, градот бил освоен од страна на Џејмс Први од Арагон, тогашен владетел на Арагон, Барселона и Монпеље, а потоа на Мајорка и Валенсија. Неговото владеење било најдолго од било кој Ибериски монах. Тогаш градот го добил своето име Град Мајорка кое трае до денес. По смртта на Џејмс, Палма станала еден од двата главни градови на Кралството Мајорка. Синот на Џејмс Први, Џејмс Втори од Мајорка започнал изградба на повеќе објекти во градот како што се Замокот Белвер – првиот кружен замок во Европа, црквите Сент Францеск и Сент Доминго, ја реновирал палатата Алмудања и ја започнал изградбата на Катедралата на Палма.

Поволната географска положба на градот му овозможила екстензивни трговски односи со Каталонија, Валенсија, Прованса, северно афричките градови, италијанските републики и провинциите кои биле под власт на Отоманското царство. Овој дел од историјата на Палма (14-15 век) се смета за златното време на градот.

Од поновата историја, Палма доживува процвет како туристичка дестинација од 1950та година, привлекува туристи од целиот свет, а работници од внтрешноста на Шпанија.

И еден куриозитет, островот Палма е родно место на познатиот светски тенисер Рафаел Надал.

6. ден (07.10.2023)

 

БАРСЕЛОНА

(Barcelona)



Пристигнување во Барселона во 08:00. Слободно време за разгледување на Барселона со нашиот водич. Испловување на бродот во 17.00 часот.

 

 

Предлог: Факултативен разглед на Барселона со водич

 

Барселона (каталонски и шпански: Barcelona) — главен и најнаселен град во автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија со население од 1.615 908 жители во 2008 година. Барселона се наоѓа на северно – источниот брег на Пиринејскиот Полуостров и е отворена кон Средоземното Море. Сместена е на висорамнина, од страните заобиколена со планинскиот венец Колсерола (Collserola), реката Џобрегат (Llobregat) од југозапад и реката Бесос (Besòs) од север. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. И покрај тоа што честопати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главно туристичко одредиште со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Меѓу најпопуларните атракции кои можат да се посетат во Барселона се: Булеварот Дијагонал, главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната и уште недовршена црква Ла Саграда Фамилија, која била дизајнирана од Антони Гауди во 1882 година е на врвот на која било листа на Топ туристички атракции во Барселона, Зелената авенија Рамбла (La Rambla), започнува на централниот плоштад Плаза Каталуња и завршува на споменикот Колумбо, местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, музејот на ФК Барселона и стадионот „Камп Ноу“, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, Плажата Барселонета, Шпанското село, Паркот Гуел (Guell) е светско наследство на УНЕСКО и се смета за една од најпознатите уметнички дела на Гауди, гаудиевите згради: Casa Mila и Casa Batllo…

7. ден (08.10.2023)

 

КАН

(Cannes)


Пристигнување во Кан во 08:30. Слободно време за разгледување на Кан со нашиот водич. Испловување на бродот во 17.30 часот.

 

 

Кан (француски: Cannes; окситански: Canas) — град сместен на Азурниот Брег. Претставува општина, сместена во департманот Приморски Алпи и е домаќин на годишниот Кански филмски фестивал. Градот е поврзуван со богатите и славните, своите луксузни хотели и ресторани и многуте конференции. На 3 ноември 2011 година бил домаќин на самитот на организацијата Г20 на индустријализираните земји.

Меѓу најпопуларните места кои можат да се посетат во Кан е Шеталиштето „Круазет“, авенија со палми на брегот. Круазет е познато по живописните плажи и ресторани, кафулиња и бутици. Ле Сике, стариот град, обезбедува добар поглед на Круазет. Утврдената кула и капелата на „Св. Ана“ е дом на музејот Де ла Кастр. Карактеристична градба во Кан е руската православна црква „Св. Архангел Михаил“.

8. ден (09.10.2023)

 

ЏЕНОВА

(Genoa)


Пристигнување во Џенова во 07:00. Слободно време за разгледување на Џенова со нашиот водич. Испловување на бродот во 18.00 часот.

 

Џенова е главниот град на областа Лигурија и шести најголем град во Италија со над 800.000 жители. Џенова е еден од најголемите Европски градови на Медитеранот и најголемо пристаниште во Италија. Ја нарекуваат “Горделива” заради нејзиното величествено минато. Впишана е на листата на светското културно наследство на УНЕСКО во 2006 година. Нејзината богата историја, а посебно уметност, музика и кујна придонесоа во 2004 година да стане Европска престолнина на културата. Џенова е родното место на Кристофер Колумбо, Николо Паганини, Ѓузепе Мазини.

Џенова, која го формира јужниот агол на индустрискиот триаголник на северозападна Италија, Милано – Торино – Џенова, е еден од најголемите економски центри на државата. Градот е седиште на огромни бродоградилишта и челична индустрија од 19от век, а неговиот финансиски сектор датира уште од средниот век. Банката на Сеинт Џорџ основана во 1407 година е помеѓу најстарите банки на светот и играла многу важна улога во просперитетот на градот уште од средината на 15от век. Денес, голем број на водечките италијански компании имаат седиште токму тука, вклучувајќи ги и Selex ES, Ansaldo Energia, Ansaldo STS, Edoardo Raffinerie Garrone, Piaggio Aerospace и Costa Cruises.

9. ден (10.10.2023)

 

ЛА СПЕЦИЈА

(La Spezia)


Пристигнување во Ла Специја во 07:00. Слободно време за разгледување на Ла Специја со нашиот водич. Испловување на бродот во 18.00 часот.

 

 

Ла Специја (италијански: La Spezia, локално се зборува; Spèza) е град во северозападна Италија. Градот е центар на истоимената област Ла Специја во рамките на италијанската провинција Лигурија.

Ла Специја е првенствено позната како важна поморска база и центар на италијанската морнарица за Тиренското Море.

10. ден (11.10.2023)

 

ЧИВИТАВЕКИЈА

(Civitavecchia)


Пристигнување во Чивитавекија во 07:00.

 

Искрцување од бродот околу 09:00 часот.

 

Тргнуваме на полудневен разглед на Тиволи паркот. Следува слободно попладне во Рим до времето за трансфер до аеродромот Фиумичино. Полетување за Скопје преку Белград во 21:00, слетување во Скопје во 01:35. Крај на програмата.

 

ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА КАБИНА/СОБА

( уплатата е во денарска противвредност по курс 62.00 )

 

Датум Цена за сместување/услуга
02. октомври 2023 внатрешна кабина

 

 

прозорска кабина

 

 

балконска кабина

 

 


Цена по лице 1.353 € 1.496 € 1.628 €
 

 

  • 3 и 4 возрасно лице над 18 години
    • Во внатрешна кабина –  1.103 €
    • Во прозорска кабина –  1.186 €
    • Во балконска кабина –  1.248 €
  • Деца до 18 години
    • Во внатрешна кабина –  847 €
    • Во прозорска кабина –  857 €
    • Во балконска кабина –  867 €

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз Скопје – Белград – Рим – Белград – Скопје
  • Рачен багаж 8кг + чекиран багаж (едно парче) 23кг
  • Две ноќевања со појадок во хотел Twenty One 4* или сличен во Рим
  • Седум ноќевања со проширен полн пансион (појадок, ручек, закуски и вечера) на бродот MSC Seaview во двокреветни внатрешни, прозорски или балконски кабини на Full board
  • Панорамски разглед на Рим (02.10.2023)
  • Целодневна пешачка тура низ Рим со водич на Македонски јазик (03.10.2023)
  • Трансфери во Рим според програмата
  • Разглед Тиволи парк во Рим (11.10.2023)
  • Пратител и водич на Македонски јазик
  • Организација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Пристанишни такси 140 по лице.
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување со ковид покритие и осигурување од откажување на аранжман (Еуролинк) МКД 170.
  • Факултативна посета на Ватикан (04.10.2023) –  45 €
  • Факултативен разглед на Барселона (07.10.2023) –  70 €
  • Трансфери од бродот до местата на факултативните разгледи (10-18 € по трансфер)
  • Напојници на бродот 12 € на ден по лице.
  • Пијалоци на брод.

 

СМЕСТУВАЊЕ: Брод MSC Seaview. Агенцијата организатор на ова патување не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓаат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.

НАПОМЕНА: За резлизација на ова патување е потребен минимум од 20 патници.

Услови на плаќање: За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.

ОТКАЗЕН РОК: До 40 дена пред патувањето се задржува 50 % од цената, од 39 дена до почетокот на патувањето 100% од цената.

 

  • Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечните содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.
  • Бродската компанија MSC Cruise го задржува правото на измена на рутата без претходна најва.