- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
Прага - Божиќен базар (22)
Состанок во Скопје во пладневните часови. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари - најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање во хотел. Вечерта можност за Крстарење по Влтава (факултативно), ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.
Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 08:00 часот наутро. Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности.
Пристигнување во Македонија во утринските часови
Цена 139 еур
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
- Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* во Прага - 2 ноќевања со појадок;
- Придружник од агенцијата за време на патувањето;
- Разглед на Виена;
- Организација и реализација на патувањето.
Во цената на аражманот не е вклучено:
- Панорамски разглед на Прага со локален водич - 15 €;
- Крстарење по Влтава - 20€;
- Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата - 35€;
- Туристичка такса - 4 € (се плаќа во агенција)
- Патничко осигурување;
- Влезници во објекти.
Општи напомени:
- Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.