Солун е градот кој важи за еден од најубавите во цела Грција, а доказ за тоа е големиот број на прошетки кои ги прават нашите Македонци. Еден од најозборуваните градови во далечната историја кој во 20-тите години од минатиот век е целосно обновен. Голем број на улици, паркови, трговски центри, стари автентични куќи, сето ова прави Солун да е рамо до рамо со најпознатите светски метрополи. Минатото и сегашноста се судираат во градските таверни, ресторани, луксузни барови и клубови. Преполни улици и кафулиња, Солун е секогаш добра идеја, зарем не?
ЦЕНА: 1000 денари по лице
ТЕРМИН:
- 04.11.2023 (САБОТА)
- 11.11.2023 (САБОТА)
- 18.11.2023 (САБОТА)
- 25.11.2023 (САБОТА)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на дадена релација
- Посета на центарот на Солун
- Посета на Cosmos и IKEA
- Туристички придружник на патувањето
ПОАЃАЊЕ ОД:
- Скопје (Дрводекор) - 03:30 ч.
- Велес (кружен тек на влез во Велес) - 04:15 ч.
- Неготино (Макпетрол) - 04:45 ч.
- Гевгелија (граница) - 05:25 ч.
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 50 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Од моментот на резервација до 3 дена пред тргнување патникот може само да направи промена на резервација односно да промени термин за истиот вид на патување (доколку има места)
- За отказ или промена од 2 дена до пред тргнување агенцијата го задржува правото на задршка на 100% од аранжманот.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.