VILA BOUZALIS 10 nokji (17)

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани, а токму тука е и најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.

Вилата Bouzalis е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето.Вилата располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

 


 

 

 Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

Вила Bouzalis’Неа Флогита

Термин:

Ноќи: 

1/3 апп

 

1/3 стдудио SV 

 

1/4  апп. (без поглед)

 

1/4  апп.

(улица)

 

1/4  апп.

бочно SV

 

1/5 апп. SV 

 

 

1/5 апп. дуплекс (улица)

 

 

1/6 апп дуплкес

(улица)

 

 

1/6 апп

дуплекс SV 

 

 

1/8 апп

дуплекс SV 

 

20.05-30.05.2024

10 

180

(11.160) 

230 

(14.260) 

280

(17.360) 

330 

(20.460) 

350 

(21.700)

430

(26.660) 

400

(24.800) 

450

(27.900) 

500

(31.000) 

600 

(37.200)

30.05-09.06.2024

10 

330 

(20.460)

380 

(23.560) 

430

(26.660) 

480

(29.760) 

500 

(31.000)

580

(35.960) 

550

(34.100) 

600 

(37.200)

650 

(40.300)

700 

(43.400)

09.06-19.06.2024

10 

430 

(26.660)

480 

(29.760) 

530

(32.860) 

580 

(35.960)

600

(37.200) 

680

(42.160) 

650

(40.300) 

700 

(43.400)

750

(46.500) 

800 

(49.600)

19.06-29.06.2024

10 

530 

(32.860) 

580 

(35.960) 

630 

(39.060) 

680 

(42.160)

700 

(43.400)

780

(48.360) 

750

(46.500) 

800 

(49.600)

850

(52.700) 

900

(55.800)

29.06-09.07.2024

10 

600 

(37.200) 

650 

(40.300) 

700

(43.400) 

730

(45.260) 

750 

(46.500)

830

(51.460) 

800

(49.600) 

850

(52.700) 

900 

(55.800)

950 

(58.900)

09.07-19.07-2024

10 

630 

(39.060) 

680 

(42.160)

730

(45.260) 

780 

(48.360)

800

(49.600) 

880

(54.560) 

850

(52.700) 

900 

(55.800)

950 

(58.900)

990 

(61.380)

19.07-29.07.2024

10 

630 

(39.060) 

680 

(42.160

730

(45.260) 

780 

(48.360)

800

(49.600) 

880

(54.560) 

850

(52.700) 

900 

(55.800)

950 

(58.900)

990 

(61.380)

29.07-08.08.2024

10 

630 

(39.060) 

680 

(42.160

730

(45.260) 

780 

(48.360)

800

(49.600) 

880

(54.560) 

850

(52.700) 

900 

(55.800)

950 

(58.900)

990 

(61.380)

08.08-18.08.2024

10 

630 

(39.060) 

680 

(42.160

730

(45.260) 

780 

(48.360)

800

(49.600) 

880

(54.560) 

850

(52.700) 

900 

(55.800)

950 

(58.900)

990 

(61.380)

18.08-28.08.2024

10 

630 

(39.060) 

680 

(42.160

730

(45.260) 

780 

(48.360)

800

(49.600) 

880

(54.560) 

850

(52.700) 

900 

(55.800)

950 

(58.900)

990 

(61.380)

28.08-07.09.2024

10 

500 

(31.000) 

550 

(34.100)

600

(37.200) 

630 

(39.060) 

650

(40.300) 

730 

(45.260)

700

(43.400) 

750

(46.500) 

800 

(49.600)

850 

(52.700)

07.09-17.09.2024

10 

350 

(21.700) 

400

(24.800) 

450

(27.900) 

480 

(29.760) 

500

(31.000) 

580 

(35.960)

550

(34.100) 

600 

(37.200)

650 

(40.300)

700 

(43.400)

НАПОМЕНИ:

  • Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот  простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење
  • Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз                                                           
  • Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената   
  • Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот

 

Доплата за превоз:

  • Цена на повратен билет –50 евра;
  • деца до 2 години бесплатно (без седиште);
  • од 2-12 години-40 евра
  • Цена за билет во еден правец 40 евра;
  • деца од 2-12 години- 35 евра.
  • Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.

 


Опис на собите:

Апартман бр. 8

 Трокреветен апартман на втор спрат во првиот дел од вилата. Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во кујната се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и во дворот, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Другата соба е одделена со врата и има еден дупли кревет (димензии 190-140 см), еден единечен кревет (190-82 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Има потесно купатило, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.

Апартман бр.9 (поглед на море)

Петкреветен апартман на втор спрат во првиот дел од вилата со директен поглед на море. Апартманот има две одделни спални соби меѓу кои се наоѓа купатилото и мал простор меѓу нив во кој се сместени елементите од кујната (мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, комплет садови за готвење и јадење, како и мала масичка со столчиња). Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 190-115 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Во другата соба има еден дупли кревет (димензии 190-132 см), мебел, телевизор и клима. Од собата се излегува на терасата која има директен поглед на море, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

Студио бр. 10 (поглед на море)

Трокреветно студио на втор спрат во првиот дел од вилата. Студиото има една просторија. На самиот влез има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, аспиратор и комплет садови за готвење и јадење. Во овој дел се наоѓа климата. Во продолжение на просторијата има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор  и голем фрижидер со одделна комора. Од студиото се излегува на терасата која има директен поглед на море опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Има тесно купатило, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.

Апартман бр.12 (без поглед)

Четирикреветен апартман на прв спрат во средниот дел од вилата кој има поглед меѓу влезовите на вилата. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен помал кревет (димензии 170-82 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и меѓу влезовите, опремена со пластична маса, столчиња и тенда која на гостите во апартманот им овозможува приватност. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 190-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-80 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

Апартман бр. 13 (бочен поглед на море)

Четирикреветен апартман на прв спрат кој има бочен поглед на море. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опременa е со мебел и телевизор. Терасата има бочен поглед на море, опремена е со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Има потесно купатило, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.

Апартман бр.15

Четирикреветен апартман на прв спрат во средниот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Од кујната се излегува на потесна терасата која има поглед на улицата од задниот дел на вилата, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

Апартман (дуплекс) бр. 16

Петкреветен апартман дуплекс на втор спрат во третиот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 195-135 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Во втората спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см). Од едната соба и од кујната се излегува на тераса опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во средината меѓу двете спални соби има комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење.Тука се наоѓа и клима уредот. Апартманот има реновирано купатило.

Апартман бр.19

Четирикреветен апартман на втор спрат кој има поглед на задниот дел на вилата. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. На самиот влез во апартманот се наоѓа климата. Во првата просторија има еден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опременa е со мебел и телевизор. Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса, столчиња и чадор за сонце и има поглед на задниот дел на вилата. Има потесно купатило, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.

Апартман (дуплекс) бр. 24

Шесткреветен апартман дуплекс на прв спрат во третиот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 195-135 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед кон улицата. Во втората спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см) и еден единечен помал кревет (димензии 180-85 см), мебел и телевизор. Од собата се излегува на долга но потесна тераса опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во средината меѓу двете спални соби има комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

Апартман (дуплекс) бр. 28 (поглед на море)

Осумкреветен апартман дуплекс на втор спрат во третиот дел од вилата кој има директен поглед на море. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има четири кревети од кои еден дупли кревет (димензии 190-140 см) и два единечни кревети (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед меѓу влезовите на вилата. Во втората спална соба има три кревети од кои еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Од оваа спална соба се излегува на голема тераса опремена со пластична маса, столчиња и тенда која има директен поглед на море. Во средината меѓу двете спални соби има пространа комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Во оваа просторија се наоѓа уште еден единечен кревет (димензии 190-90 см). Апартманот има купатило со сопствен бојлер. 

Апартман (дуплекс)  бр. 29 (поглед на море)

Шесткреветен дуплекс апартман на втор спрат во третиот дел од вилата кој има директен поглед на море. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во секоја спална соба има по еден дупли кревет (димензии 190-140 см) и еден единечен  кревет  (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Од едната спална соба се излегува на голема тераса опремена со пластична маса, столчиња и тенда која има директен поглед на море. Во средината  меѓу двете спални соби има пространа комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Затоплувањето на водата во купатило е со сончеви колектори.

 

Локација:

40.257499395387775, 23.217661300000003


- Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.