ИТАЛИЈА

МОНТЕКАТИНИ И ТЕРМЕ (17)

Неповторливо доживување на Тосканската Ривиера

Летување во Монтекатини Терме на најубавите плажи на Тосканскиот и Етрурскиот брег

Монтекатини Терме- Марина ди Биббона-Болгхери- Виареггио -Лукка -Чинкве Терре-Ливорно-Тиррено-Фиренца

(15.07.2023-22.07.2023)

Запознајте го совршениот спој на традицијата и историјата, откријте ги тајните на фамилијата Медичи, културното богатство, совршените предели полни со разнобојна флора и мирисни чемпреси кои со право ги одбрале Брунелески, Донателло, Микеланџело, Леонардо Да Винчи, Ботичели... Надополнете ја оваа невообичаена тура со посета на најубавите плажи на Лигурското Море и Етрурскиот брег, како и бајковитиите италијански села на стрмната страна на Левантската ривиера... Незаборавно патување кое ќе го почувствувате со сите свои сетила!

Прв ден: 15.07.2023 (сабота)- Кавадарци-Скопје-Монтекатини Терме

09:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 11:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции)кон Италија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце.Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 16.07.2023 (недела)- Монтекатини Терме

Во пладневните часови пристигнување во Монтекатини, мал италијански град сместен во областа Пистоја, во состав на Италијанската покраина Тоскана. Сместување во хотелот „Cappelli3*.Слободно време за одмор од патувањето. Во попладневните часови организиран разглед на Монтекатини Терме, најпопуларната дестинација во Италија која секоја година ја посетуваат околу милион туристи. Градот во кој живеат повеќе од 20.000 луѓе се наоѓа во долината на реката Арно и е познат по своите природни минерални извори кои се откриени уште за време на Римјаните. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Трет ден: 17.07.2023 (понеделник)- Монтекатини Терме-Марина ди Биббона-Болгхери-Монтекатини Терме

Појадок. Организирано заминување на групата кон Марина ди Биббона, познато летувалиште на Етрурскиот брег во близина на Ливорно каде се наоѓаат најубавите песочни плажи. Слободно претпладне за плажа. Во попладневните часови продолжуваме низ познатата авенија на чемпреси долга пет километри која ќе не` однесе до шармантното село Болгхери каде ќе имате можност да уживате во преубавиот поглед на морето и да шетате низ малите калдрмисани улици преполни со продавници за вино. Тука ќе имате можност да купите некое од прочуените тоскански вина меѓу кои најпознато е Tenuta San Guido. Во договореното време враќање назад во хотелот во Монтекатини. Ноќевање.

Четврти ден:18.07.2023 (вторник)- Монтекатини Терме-Виареггио-Лукка-Монтекатини Терме

Појадок. Организирано заминување кон Виареггио, едно од најубавите летувалишта на Тосканската ривиера. Од едната страна го заплискуваат брановите на Лигурското Море, а од другата белите мермерни врвови Масса Царрара, па со право го нарекуваат Бисер на Лигурското Море. Слободно време за плажа. Во договореното време заминуваме кон еден од најубавите градови во Тоскана-Лукка,карактеристичен по тесните улички и средновековните градби. Градот е целосно заобиколен со 4 километри долги, добро сочувани ѕидини. Обиколка на историскиот центар на градот: плоштадите Наполеоне, Амфитеатро и Сан Микеле, како и родната куќа на познатиот композитор Џакомо Пучини. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме во хотелот во Монтекатини. Ноќевање.

Петти ден: 19.07.2023 (среда)- Монтекатини Терме-Чинкве Тере-Монтекатини Терме

Појадок. Заминуваме на целодневен организиран излет на Чинкве Тере, Национален Парк во чиј состав се пет живописни села кои се сместени на стрмниот брег на левантската ривиера. Тука, меѓу карпестите стени и камените брегови во малите села поврзани со козја патека малубројните жители-главно рибари, лозари и овчари сеуште живеат на традиционален начин, изолирани од модерниот свет. Во средиштето на малиот залив се наоѓа селото Монтероссо ал Маре со куќи во облик на кула, потоа Верназза изградено на височината околу Црквата Света Маргарита Антиохијска од 13. Век. Корниглиа се наоѓа на ридот опкружен со винова лоза и со своите 300 жители е најмало село кое се спушта до самото море. Слободно време за плажа. Во договореното време се враќаме во хотелот во Монтекатини. Ноќевање.

Шести ден: 20.07.2023 (четврток)- Монтекатини Терме-Ливорно-Плажа Тиррено-Монтекатини Терме

Појадок. Организирано заминување кон Ливорно, град кој со право го нарекуваат Тосканска Венеција. Поради каналите низ кои секојдневно пловат мали бродови овој град го нарекуваат град на каналите. Разгледување на Ливорно: Старата тврдина изградена во шеснаесетиот век, Катедралата или Дуомо Ливорно од 16. Век, Нова Венеција-единствен дел кој по Втората Светска Војна го сочувал архитектонските градби и историските споменици, палати и цркви. Слободно време за индивидуални прошетки. Потоа заминуваме кон Тиррено каде имаме слободно време за плажа. Во договореното време се враќаме во хотелот во Монтекатини. Ноќевање.

Седми ден: 21.07.2023 (петок)- Монтекатини Терме-Фиренца-Скопје-Кавадарци

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Фиренца во престолнината на Италија која благодарејќи на моќната банкарска фамилија Медичи ја има сочувано најбогатата уметничка ризница во која живееле и работеле Леонардо, Микеланџело, Донатело, Макијавели, Данте, Бокачо...Разгледување на еден од најсликовитиот градови во Италија од времето на ренесансата: Piazza Santa Maria Novela, Piazza della Signoria, катедралата Santa Maria del Fiore, крстилницата извоното на Giotto , родната куќа на Dante, Ponte Vechio, Palazzo Uffici . Слободно време за индивидуални прошетки низ преубавата Фиренца. Во доцните попладневни часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во сабота, 22.јули во доцните попладневни часови.

 

Промотивна цена за уплата до 28.04.2023.....479 евра (29.700 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........499 евра (30.940 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Пет ноќевања со појадок во хотелот Cappelli3* во Монтекатини

- Организиранa посета и разглед на сите места вклучени во програмата

- Билет за воз за Чинкве Тере

- Лиценциран туристички водич

- Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 -Доплата за еднокреветна соба - 100 евра

- Туристичка такса - 10 евра за сите 5 ноќевања (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници