Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Втор град по големина и трет град по население. За Македонија овој град е од големо значење од причина што првата катедра по македонски јазик надвор од тогашна Југославија била отворена токму тука во Јагелонскиот универзитет во Краков.