Aqua Suites 1 Aparthotel - 10ноќи / сопствен превоз (53)

15% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 02.05.2023 ЗА СМЕНИТЕ ОД 31.05-20.06.2023

 

AQUA Suites 1 се наоѓаат во новиот дел на Неи Пори, на само 50 m оддалеченост од плажа. Потполно нов објект, кој што првите гости ги прими 2019-та година. Во однос на архитектонскиот изглед, се работи за модерен објект. Објектот не е во првата линија до морето, но поради тоа што пред него е тревнета површина, може да се смета како да е во прва линија. Поголем број на сместувачките единици е со поглед на море. Плажата, пред куќата е опремена со лежалки и чадори, а гостите истите можат да ги користат со конзумација на пијалок, „beach bar“, кој работи во текот на целиот ден, терени за одбојка и фудбал на плажа, Wi FI… Сите студија се комфорни, опремени со квалитетен, модерен намештај. Секој од нив поседува опремена мини кујна, бања со туш кабина, LED TV SMART 32”, телефон, сеф, клима, фен, Wi Fi, балкон со поглед кон море (поголем број). Со оглед дека сопствениците на објектот имаат уште 2 хотели од висока категорија, кои успешно ги водат, сметаме дека е доволна гаранција за избор на овој објект за Вашиот одмор… Влез во собите е од 16 часот а напуштање до 9 часот наутро. Во сместувачките единици е дозволено готвење на се освен риба.

 
 

 
УСЛОВИ
  • две деца до 10 г можат да користат еден кревет/дете од 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.
  • Користење на клима, крпи и интернет вклучено во цената
  • АГЕНЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАРАНТИРА БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТОТ И НЕ Е ОДГОВОРНА ВО СЛУЧАЈ НА СЛАБИОТ СИГНАЛ И СНЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ.
Tакса за престој во приватно смесување во Грција во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).

За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин 40% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.