- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ
- ДОЧЕК НА НОВАТА 2024 ВО ПОРЕЧ (РОВИЊ-ОПАТИЈА) (17)
- ДОЧЕК НА НОВАТА 2024 - КАВАЛА (Со вклучена Новогодишна вечера)
- ДОЧЕК НА НОВАТА 2024 - КАВАЛА (17)
- ВИЕНА (23)
- БУДИМПЕШТА - Естергом - Вишеград- Сент Андреа-Виена - (23)
- МИЛАНО - FRANCIACORTA OUTLET - Лугано-Комо-Сирмионе (23)
- АЗУРЕН БРЕГ - Ница-Кан- Антиб- Сен Тропе - Монако- Парфимерија Фрагонард-Монте Карло (23)
- ПРАГА - Карлови Вари - Дрезден - Виена (23)
- ИСТАНБУЛ - прва програма (23)
- ВИЕНА втора програма (65)
- MИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-ЏЕНОВА-СИРМИОНЕ (65)
- ПРАГА-ДРЕЗДЕН -КАРЛОВИ ВАРИ - ВИЕНА втора програма (65)
- ИСТАНБУЛ - втора програма (65)
- БУДВА - ПОРТОМОНТЕНЕГРО -ТИВАТ - КОТОР (65)
- ИСТАНБУЛ - трета програма (74)
- БЕЛГРАД - прва програма (74)
- АТИНА - прва програма (74)
- САРАЕВО - прва програма (74)
- РИМ - програма со траект
- БУКУРЕШТ (29)
- ЗЛАТИБОР (17)
- ДОЧЕК НА НОВАТА 2024 - ХЕРЦЕГ НОВИ (со вклучена Новогодишна вечера)
- ДОЧЕК НА НОВАТА 2024 - ХЕРЦЕГ НОВИ (17)
- БУДИМПЕШТА втора програма (65)
ИСТАНБУЛ - трета програма (74)
Секоја година им овозможуваме на нашите гости 2 зони за забава од кои едната со изведувачи на балканска музика, а втората зона со dj-set и електронска музика.
Над 250 гости секоја година уживаат во нашата организација! Бидејќи ние знаеме како да им овозможиме добра забава на сите!
Ова година нашата забава ја збогатуваме со НЕОНСКА ТЕМАТИКА, каде секој гостин на бродот добива бесплатни неонски материјали за да доловиме вистинската сеонзација на неонската магија.
Нашиот брод ќе биде детално уреден со неонски светла кои ни приредат вистинско шоу!
Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 15:00 часот од Скопје.
Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.
Пристигнување на групта во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.Chech in во хотелот е после 14:00 час.По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината.Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II.
Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи.
Облакодерот „Сафир“ е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот, и да уживате во храна или кафе со незаменлив поглед.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најзначајните знаменитости во Истанбул. Самата кула е висока 261 метар и има 54 спрата, каде што има голем трговкси центар.
Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот Ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пленка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот.
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.
Таксим Плоштадот
По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт.
Балат
Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Миниатурк
Еден специфичен и интересн музеј, каде што ќе имат можност да ги видите сите познати светски градби на едно место во минијатурна форма.
По посетата на Балат и Миниатурк, се упатуваме во хотел. Слободно време за одмор и подготовка за дочекот на Новата Година. Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор.
ЦЕНА СО ПОПУСT: 159 EВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 179 EВРА
- Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
- Автобуски превоз
- Лиценциран туристички водич
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на турската продавница „Коска“
- Шопинг во 212 центарот
- Туристичка такса
- Патничко осигурување
- Факултативи излети
- Индивидуални трошоци
Факултативни излети
Оваа факултатива се купува како пакет а во неа се вклучени облакодерот Сафир со вклучена 4D проекција и посета на Ортаќој.
2. Посета на Балат и Миниатурк. Цена за пакет: 25€
Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива која вклучува посета на Христијанска населба Балат, и посета на уникатниот музеј Миниатурк.
3. Крстарење по Босфор, палата Бејлербеи и Таксим Плоштад. Цена за пакет: 45€
Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива која вклучува крстарење по Босфор, посета на палатата Бејлербеи и Таксим плоштад.
4. Дочек на Нова Година Цена за пакет: 90€
- Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
- Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ЕТА
- Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
- Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
- Организирани и резервирани конопои за секој гостин
- Вклучени 4 алкохолни или 4 безалкохолни пијалоци
- Вклучена храна за време на забавата
- Вклучени бесплатни неонски материјали
- Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот (Два посебни зони со различна музика)
- Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена
---------------------------------------------------------------------------------------------
3АДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.