ПОЛИХРОНО
VILA EFTERPI (6)
Објект сместен на левата страна од Полихроно, во мирен дел, на околу 200 метри од плажа. Во близина на вилата се наоѓаат таверни и мини-маркети. Вилата располага со двоспални апартмани со комплетно опремена кујна и дневна соба, одделена од две засебни спални соби, ТВ, клима уред (користењето е вклучено во цената), тоалет, балкони, како и двокреветни и трокреветни апартмани на приземје, прв и втор спрат, со мини кујна комплетно опремена.
ТЕРМИН : |
1/2 апп |
1/3апп |
1/4 апп |
1/4+1 апп |
04.07-11.07 |
159 € |
169 € |
209 € |
214 € |
11.07-18.07 |
169 € |
179 € |
229 € |
234 € |
18.07-25.07 |
179 € |
189 € |
239 € |
244 € |
25.07-01.08 |
189 € |
199 € |
259 € |
264 € |
01.08-08.08 |
199 € |
209 € |
279 € |
284 € |
08.08-15.08 |
199 € |
209 € |
279 € |
284 € |
15.08-22.08 |
189 € |
199 € |
279 € |
284 € |
22.08-29.08 |
179 € |
189 € |
249 € |
254 € |
29.08-05.09 |
149 € |
159 € |
209 € |
214 € |
05.09-12.09 |
129 € |
139 € |
179 € |
184 € |
12.09-19.09 |
99 € |
109 € |
159 € |
164 € |
19.09-26.09 |
89 € |
99 € |
139 € |
144 € |
Цени:
- Се дадени по лице, за минимум две платежни лица, за 7 ноќевања, со вклучен организиран превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден
- За аранжман со сопствен превоз се одобрува 25€ од вкупната цена по лице
- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот
- За период 15.06-01.07, за аранжмани со сопствен превоз, цената е следна: за 1/2 апартман = 30€ од ноќ, за 1/3 апартман = 35€ од ноќ, за 1/4 апартман = 45€ од ноќ, за 1/4+1 апартман = 47€ од ноќ.
Сместување:
- Во сите типови на апартмани дозволено е сместување на онолку лица колку што има кревети
- Трето лице или деца над 5 год. имаат бесплатно сместување во 1/3, 1/4 или 1/4 +1 апартман, возрасни плаќаат само превоз 25€, деца од 5 до 12 год. само превоз 20€
- Едно дете до 5 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/2 или 1/4 (плаќа само превоз 20€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот
Превоз:
- Секоја недела поаѓање од Битола во раните утрински часови. За времето на поаѓање патниците ќе бидат известени 2 дена пред поаѓање. Враќање во времето одредено од пратителот на групата.
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус
- Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 25€ по лице
- 5€ доплата за пакет аранжман по лице со превоз од Охрид, Струга и Ресен и 10€ од Кичево
Напомена:
- Дадената понуда е на барање. За потврда на резервација од страна на сместувачките капацитети потребно е време од 24 - 48 часа.
- За резервација потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат најдоцна 7 дена пред поаѓање.
- За дадената понуда може да се користат COVID-19 ваучери издадени во 2020 година
- За сите нови резервации, во случај да не може да се организира патувањето поради виша сила, агенцијата гарантира рефундација на уплатените средства
- Во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот, дозволена е промена на патници, доколку патникот најде замена, во било кој временски период до поаѓање.
- Задолжително е здравствено и патничко осигурување и е одговорност на патникот да го набави во туристичка агенција или осигурителна компанија
- Патниците се одговорни за валидноста на нивните документи за влез во Грција, освен ако истите се во организација на агенцијата (PCR тест и PLF формулар).
- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и за бројот на искористени денови за престој во ЕУ (максимум 90 дена во временски период од 180 дена).
- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода и притисок на вода, кои зависат од инфраструкутрата на дестинацијата.
- Со потпишувањето на договорот за патување, патникот потврдува дека е свесен за ризиците кои може да произлезат од патување во време на пандемија и дека за истите агенцијата не сноси никаква одговорност
Куќен ред:
- Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 14:00 часот
- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обврзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.
- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите