ЛЕПТОКАРИЈА
VILA LINDA, studios & pool - 10 nokjevanja (17,53)
Опис: Студиото Линда е објект кој е комплетно реновиран за сезона 2019. Располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија кои се наоѓаат на приземје, на прв, втор или трет кат. Секоја сместувачка единица има опремена кујна, бања/тоалет, тераса (заштитени со тенда), ТВ, WiFi интернет, клима (се доплаќа на лице место). За гостите се обезбедени сеф, паркинг простор, лифт, просторија за оставање на багажот на последниот ден од престојот, туш кабина во дворот, скара, како и дел за најмладите гости. Вилата располага со двор со базен и лежалки.
- Наведените попусти се однесуваат на цената во табелата
- Туристичката такса не е вклучена во цената и се плаќа на лице место во објектот
- Цената на аранжманот е изразена во евра по лице без вклучен превоз
- Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62
Локација: Вилата се наоѓа во централниот дел на Лептокарија, во близина на маркетот Масутис. Оддалечена 80 m од морето.
40.06226220859201, 22.565637251343563