- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
Прага - 2НП (23)
Прага ( Карлови Вари - Пандорф - Виена)- 2НП Christmas Market
Сигурна реализација
Термин 07 Декември
Hotel Olympik 4*
1 ден: 07.12.2022 СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден: 08.12.2022 ПРАГА:
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден: 09.12.2022 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во попладневните часови . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време за прошетки низ Прага. Ноќевање
4 ден :10.12.2022 ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан... Слободно време во Виена.Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5ден :11.12.2022 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 € / 8.620 ден
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага – Скопје
- 2 ноќевања со појадок во Hotel Olympik 4* во Прага
- Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
- Посета на Виена
- Организација и водство на програмата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително патничко здравствено осигурување 175 мкд
- Туристичка такса (се плаќа во агенција) - 250 мкд
- Разглед на Прага со локален водич – 15€
- Факултативна посета на Карлови Вари со локален водич– 35€
- Крстарење со брод по Влтава – 20 €
- Влезници за музеи и локалитети
- Доплата за еднокреветна соба 1550 ден
НАПОМЕНИ
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање