VILA MARIA KARGA (12)

Вила „Марија Карга“ е лоцирана на самиот влез во Ормос Панагијас. Оддалечена е од првата плажа околу 150 метри, и околу 500 метри од една од најубавите плажи на вториот крак, Трани Амуда. Студијата содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ЛЦД ТВ, тераса. Интернетот и климата се вклучени во цената. Истите се модерно, внимателно уредени и исклучително чисти. Во склоп на куќата има кафе бар, детски дел како и мала приватна градина (слична на таверна) каде гостите сами може да си подготвуваат јадење. Во собите има пешкири.


- 1 четирикреветно студио на приземје, 2 двокреветни студија со тераса накај дворот и 4 трикреветни студија на 1 кат со тераса накај улица


Цени за наем на студио за 7 ноќевања

ТерминНоќевања1/2 студио1/3 студио1/4 студио
04/06-11/06 7 175 210 280
11/06-18/06 7 210 245 315
18/06-25/06 7 245 280 350
25/06-02/07 7 280 315 455
02/07-09/07 7 315 350 490
09/07-16/07 7 350 420 525
16/07-23/07 7 385 455 560
23/07-30/07 7 420 490 595
30/07-06/08 7 420 490 595
06/08-13/08 7 420 490 595
13/08-20/08 7 385 455 560
20/08-27/08 7 350 420 525
27/08-03/09 7 280 350 455
03/09-10/09 7 245 315 420
10/09-17/09 7 210 245 350
17/09-24/09 7 175 210 280
Координати: 40.233231, 23.729833

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени за наем на студио за 2, 3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
  • Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
  • Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
  • Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување
  • Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
  • Агенцијата не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените на самата агенција