Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.
АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ
БОЖИЌНИ МАРКЕТИ ПРАГА-ДРЕЗДЕН-ВИЕНА (65, 86)
-
Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
-
Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито…
Сместување во хотел. Во вечерните часови индивидуална можност за прошетка низ центарот на Прага. Враќање во хотел. Ноќевање.
-
Појадок. После појадокот факултативно заминување за Дрезден – сместен во долината на реката Елба, овој град поради своето исклучително културно историско значење, познат е под името Фиренца на Елба. Стариот дел на градот го нарекуваат и кутија за накит поради своите барокни рококо градби, како и многубројните уметнички збирки. Дрезден е еден најзелените градови во Европа. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
-
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Виена околу 10:00 часот. Попатна посета на шопиг центарот Знојмо. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере. Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка.Поаѓање за Скопје во вечерните часови.
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НАПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 75 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 ЕВРА
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во Прага
- Посета на Виена
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес.
Во цената не е вклучено:
- Разглед на Прага со локален водич -15 евра
- Факултативен излет во Дрезден -45 евра
- Крстарење по реката Влтава -20 евра
- Задолжителна туристичка такса - 2.5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место