Keti House-10ноќи/сопствен превоз

15% ПОПУСТ ДО 14.03.2023 ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА СМЕНИТЕ ОД 20.05. И 30.05.2023

10% ПОПУСТ ЗА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ ЗА СМЕНИТЕ ОД 20.05. И 30.05.2023

5% ПОПУСТ ЗА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 14.03.2023 И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ ЗА СИТЕ ОСТАНАТИ СМЕНИ

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

KETI AMMOS House се наоѓа во самиот центар на Ставрос, во продолжение на пешачката улица и на 200м од градската плажа. Во понуда се неодамна реновирани 1/3 и 1/4 студија и апартмани на вториот кат, со пространи тераси кои гледаат кон улицата. Апартманите имаат 2 простории, но креветите се во едната, која нема излез на тераса и во нејзе се наоѓа клима уредот, додека во другата просторија е чајната кујна, од која се излегува на терасата. Сместувачките единици имаат основно опремена кујна, комарници, купатило, тераса со гарнитура за седење, ЛЦД ТВ и клима уред чие користење се доплаќа 5 еур на ден на лице место. Нема пешкири, а промената на постелнината е на половина од смената. Има бежичен WI–FI интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Објектот нема сопствен паркинг, но преку улицата постои голем јавен паркинг.

 
 

 
 
УСЛОВИ

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

ОПИС:

1/3 СТУДИО

во една просторија чајна кујна и  1 брачен кревет и 1 единечен кревет

1/4 СТУДИО

во една просторија чајна кујна и  1 брачен кревет и кревети на кат (200х90см)

1/3 АПАРТМАН

во една просторија чајна кујна, во другата  1 брачен кревет и 1 единечен кревет

1/4 АПАРТМАН

во една просторија чајна куја, во другата  1 брачен и кревети на кат (190х90см)


НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-20 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

 

ЛОКАЦИЈА