Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури, ова се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите – безбројни музеи, цркви, џамии, базар... Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот конинент ќе сфатите зошто Истанбул е еден од највеличествените градови во светот. За овој град кој петпати го има менувано своето име има многу што да се зборува.