• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КРАКОВ – ЗАКОПАНЕ – КОШИЦЕ – БУДИМПЕШТА (5)

Нова 2023 во КРАКОВ ЗАКОПАНЕ-КОШИЦЕ-БУДИМПЕШТА

 

ПРОГРАМА:

30.12.2022г. Поаѓање на групата во 12.оо часот со туристички автобус,преку Србија, Унгарија и Словачка, ноќно возење со попатни одмори.

 

31.12.2022. Пристигнување во Краков во утринските часови. Разгледување на   градот со локален водич: Симболот на градот-дворецот Вавел, катедралата св.Вацвал, статуата на папата Јован Павле 2-ри, градските зидини и вратата Барбакан, плоштад Ринек во Стариот град, црквата Св.Девица Марија од 13век, најстариот  шопинг центар Сукиенице… Сместување во хотел. Слободно време во градот со најголем број на барови, пабови и ресторани. Вечерта, дочек на Новата 2023г на плоштад. Ноќевање.

 

01.01.2023г.Појадок. Факултативен излет за посета на Аушвиц- најголемиот концетрационен логор од II светска војна (разгледување на спомен музејот кој се наоѓа под заштита на UNESCO) во кој што настрадале преку 1,3 милиони жртви на холокаустот. Враќање за Краков, факултативна  посета на ВјеличкаКралскиот рудник за сол кој датира од 1124 год,кој денес претставува музеј и каде се најдува единствената подземна катедрала Св. Кинге, соленото подземно езеро,. секоја сала од рудникот е посветена на некоја позната историска личност или историски настан од Полска со скулптури од сол, лавиринт долг 300 км на 9 нивоа со длабина од 327 м. Факултативно, посета на ресторан на Полска вечера со музика. Ноќевање.

 

02.01.2023г.Појадок. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Закопане најпознат туристички центар во Полска. Продолжување преку Словачка, попатна посета на Кошице , каде во Историскиот центар ќе се видат највредните знаменитости на градот. Најмногу ги има на улицата Хлавна: Готичката Катедрала св.Елизабета, Урбановата кула, Столбот на Кугата Имацулата, Државниот театар-опера во Необарок стил, Капелата св.Миховил, затворот Миклуш-сега Музеј, Гостилницата-Левочски дом, Куќата на просјаците, Градското собрание, Неоренесансна златна палата Андрасу… Се продолжува за Унгарија, посета на Будимпешта –кратка обиколка на мостовите на Дунав и факултативно вечерно Крстарење со брод по реката Дунав, со локален водич. Потоа, преку Србија заминување за Македонија, ноќно возење  со попатни паузи.

 

03.01.2023г. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА :12900 денари. За резервации и уплати до 25.11.- 11900 ден.


 Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација

– 2 ноќ.со појадок во H.Metropolo 4**** (https://metropolo-krakow.goldentulip.com/en-us/)

– разгледување на Краков  со локален водич

–  лиценциран придружник на патувањето


Во цената не е вклучено:                                                                                                                              

– патничко здравствено осигурување  без франшиза – 150 ден.

– превоз+влезница +водич за  Аушвиц – 30 евра

– превоз+влезница +водич за рудникот за сол Wielicka – Вјеличка – 30 евра

– Факултативно, посета на ресторан на Полска вечера со музика – 01.01.2023г.

–  Крстарење со брод по реката Дунав-15 еур


Напомена: Рок на пријавување  до  22.12.2022 година.