VILA ELENA (74)

Вила Елена 1-Kрф Лето 2025

 

Веќе 9-то лето сме организатори на еден од преубавите Грчки острови на Јонско, Остров КРФ. На нашата листа на дестинации го имаме ИПСОС.

Летувајте на остров Крф, со агенцијата која руши рекорди на патници! На нашата листа на дестинации го имаме ИПСОС, дестнација за која држиме рекорден број на патници! Годинава Ипсос уште подобар преку наша организација. За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.

Што е вклучено во цената

  •  Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • Организиран превоз од Велес,Неготино,Смоквица,Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип
  • 7 ноќевања 8 дена во вила Елена (цени по лице)
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената

  •  Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима
  • Туристичка такса (14 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
  • Повратен билет за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

 

План и програма

ПРВ ДЕН

Поаѓање ден предходно од терминот околу 22:00ч од Хотел Русија (за точно време на поаѓање добивате смс порака на 2 дена пред поаѓањето). Ноќно патување со попатни паузи и гранични и царински формалности. Пристигнување на пристаништето Игуменица во утринските часови и возење со траект до Остров Крф. Сместување во Вила Елена во 14:00ч по локално време.

 

ОСМИ ДЕН

Одјавување од Вила Елена во 09:00ч по локално време. Нашиот туристички представник ве известува за точно време на поаѓање од Ипсос кон пристаништето и враќање кон Македонија.

 

Вила Елена 1

Вила Елена се наоѓа на островот Крф на 350м оддалеченост од плажа.Вилата располага со студиа за 2 лица и еден апартман за 4 лица.Студиата се на прв и втор спрат.Опремени се со единечни кревети, мини кујна, фрижидерче, тоалет,клима уред (се доплаќа 5е од ден) Во објектот нема лифт.

 

ТЕРМИН

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ

24.05.2025-31.05.2025

109е

31.05.2025-07.06.2025

121е

07.06.2025-14.06.2025

143е

14.06.2025-21.06.2025

165е

21.06.2025-28.06.2025

179е

28.06.2025-05.07.2025

193е

05.07.2025-12.07.2025

231е

12.07.2025-19.07.2025

231е

19.07.2025-26.07.2025

231е

26.07.2025-02.08.2025

231е

02.08.2025-09.08.2025

231е

09.08.2025-16.08.2025

231е

16.08.2025-23.08.2025

231е

23.08.2025-30.08.2025

182е

30.08.2025-06.09.2025

168е

06.09.2025-13.09.2025

149е

13.09.2025-20.09.2025

110е

20.09.2025-27.09.2025

109е

27.09.2025-04.10.2025

104е

 

Важно

*ЗА ПРОМО ЦЕНИТЕ ВЕ МОЛИМЕ ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ОД НАШИОТ САЈТ.

Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона

  • Доколку уплатите по Black Friday цена, за споен термин или превоз не се одбива ништо на вториот термин.
  • Во случај за уплата на сингл соба по Black Friday цена, се сметат две цели суми од Black Friday цената
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени, не и на black friday цените
  •  При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
    CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 3 до 11,99 години кое користи сопствен лежај во 4 креветно студио или апартман плаќа 50% од редовната цена доколку има минимум уплата од 3 цели суми. Доколку во 4 креветно студио или апартман се сместени само 2 возрасни лица, за прво дете се наплаќа 3 цела сума, за второ дете 50% од редовната цена на аранжманот.
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
  •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)

Локација од сместувањето: 39°42'23.9"N 19°50'14.7"E

 

 

Факултативни излети

 

Посета на плажата Глифада

Цена за пакет: 20e по лице

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

 

 

ПАЛЕОКАСТРИЦА И МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Цена за пакет: 20e по лице

Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.

 

 

Крстарење со скара

Цена за пакет: 40e по лице

Едно преубаво искуство на островот Крф,полу дневен излет со посета на две плажи,скара и вино и посета на преубавите плави пештери на Крф(доколку временските услови не дозволат се оди на трета плажа)