VILLA NORTH LUX (73)

 

Вила North Lux е нова вила, која изобилува со модерна и најновa опрема. Лоцирана  е во   самото Полихроно, на само 30 метри од прекрасната песочна плажа, распостранета на околу 8 км, кристално тиркизно море, идеално за фамилијарен одмор со деца и за сите оние на кои им е потребен вистински релаксирачки одмор. Во нејзина близина се простираат голем број на продавници за сувенири и облека, таверни, пекара, суперкмаркети.

 

Вила North Lux  располага со девет апартмани:  двокреветни, трокреветни, четворокреветни и петокреветни, кои се распоредени на приземје (високо) и прв спрат.

Апартманите се модерно опремени, со комплетно опремени кујни со основни садови за соодветниот број на лица (кои се одделени од спалните соби), спална,  капатила со туш, ТВ, интернет, клима уред, тераса. Балконите и прозорците се обложени за заштита од комарци. Во вилата на самиот влез се наоѓа рецепција за прием на гостите.

 

ОПИС НА АПАРТМАНИТЕ:

1/3 АПП: БР.15: се наоѓаат на приземје. Спална , еден брачен кревет 160см. и еден единечен  кревет од 120см.

Кујна: комплет опремена,фрижидер, шпорет (рерна), ТВ,клима

Тоалет: ( WC/туш ).

 

(можност за сместување на 3 возрасни и 1дете до 12 г. во кревет со родителите).

 

1/5 АПП: БР.12:   се наоѓаат на приземје. Две спални соби, еден брачен кревет 160 см. и еден единечен  кревет од 120см. во едната, а во  другата брачен кревет 160 см . Во двете спални има клима уреди и ТВ, сопствени тераси 

Кујна: комплет опремена,фрижидер, шпорет (рерна),

Тоалет: ( WC/туш ).

(можност за сместување на 5 возрасни и дете  до 12 г. во кревет со родителите)

Check in: 14:00h.

Check out: 10:00h.

Услови за “early booking”:   За резервација е потребно  30% уплата  од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

                                                                                  

Цените се дадени по студио за 7 ноќевања во евра без попуст.

Период Ноќевања 1/3 апп 1/5 дуплекс Коментар
19.05-26.05.2019 7 91 111 промо
26.05-02.06.2019 7 111 141 промо
02.06-09.06.2019 7 161 181  
09.06-16.06.2019 7 241 291  
16.06-23.06.2019 7 321 361  
23.06-30.06.2019 7 351 381  
30.06-07.07.2019 7 371 411  
07.07-14.07.2019 7 381 431  
14.07-21.07.2019 7 411 491  
21.07-28.07.2019 7 421 501  
28.07-04.08.2019 7 421 501  
04.08-11.08.2019 7 421 501  
11.08-18.08.2019 7 421 501  
18.08-25.08.2019 7 381 461  
25.08-01.09.2019 7 341 401  
01.09-08.09.2019 7 261 321  
08.09-15.09.2019 7 211 251  
15.09-22.09.2019 7 141 181 промо
22.09-29.09.2019 7 81 101 промо

 

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

 

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.За два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин.

 

Во цената е вклучено: Ноќевање, клима уред и wi-fi.

Во цената не е вклучено: Превоз, патничко осигурување.

 

ВАЖНA НАПОМЕНА :  За хигиената на апартманите, секој гостин се  грижи за својот апартман.(објектот не поседува крпи).  Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Вилата се смета за една од нај одржуваните , затоа да бидеме добри гости. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

 

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден  (се плаќа во агенција)

 

Одалеченост:

Солунски аеродром: 87км

Ханиоти: 5км

Пефкори: 9км

Калитеа: 11км

Центар на Полихроно 800м


Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

04:00 h Битола ( Пред спортска Сала) – 30€ по лице

03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 30€ по лице

02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:30 h  Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице 

 

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја недела):

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 40€ по лице

04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице

04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) –35€ по лице

05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице

05:00  h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово –40€ по лице

05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице

06:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

 

Деца од 2 до 11,99 години:         
 Попуст 10 Евра од редовната цена (за поаѓање од Битола) 
Попуст 15 Евра од редовната цена (за поаѓање од Скопје)
 Деца до 1,99 години бесплатно
 Возрасно лице над 63год – 10еур попуст 

 

Поаѓање од Грција:

15:15 h локално време, (14:15 h мак.време) Неа Потидеа

15:00 h локално време, (14:00 h мак.време) Калитеа

14:45 h локално време, (13:45 h мак.време) Полихроно

14:30 h локалнп време, ( 13:30 h мак.време) Ханиоти

14:15 h локално време, ( 13:15 h мак.време) Пефкохори

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ

Попустите не може да се комбинираат.

Во АПП е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),

Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 

Предлог посета на места: Доколку сакате да уживате во убавините на белата песок, мирното море и денските забави на само 30km од Полихроно се наоѓа Sani Beach, плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Се работи за одлично организирана плажа, која неколку пати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи. А доколку сакате да уживате во Карипски стил на само 6km од Полихроно се наоѓа, плажата Molos Beach Bar во Ханиоти. Опкружен со зеленило и убаво уреден парк, одличен е за активности на отворено како и терен за тенис и фудбал. Плажа има обезбеден паркин, гардероба и тоалет. Песочна плажа со чиста водата, уредена со лежалки и чадори за сонце. Во текот на сезоната, барот е исполнет нон стоп, посебно во времето на викендите. Ако сакате да го почуствувате Африканскиот стил тогаш Elephnat Beach Bar во Пефкохори е идеалното место за вас. Од Полихроно е одалечено 10km. Elephnat Beach Bar e една од најпопуларните плажи на Халкидики. Етничката декорација со удобни дрвени лежалки и перници ги замаглуваат очите уште од првиот момент, а во комбинација со сините води создаваат посебно чувство. Преубаво кафе, врвни освежувачки коктели и вкусни закуски се некои од опциите што ги нуди. Исто тука се наоѓа и уште еден прекрасен бар Umbrellas Beach Bar . А во непосредна нивна близина, а од Полихроно одалечено 15km се наоѓа Cabana Beach Bar во Палиури. Кристално чистa водa и сертифицирани академии за нуркање, плишани перници и позитивни вибрации се дел од имотот на Cabana Beach Bar. Тоа е место за убаво летно расположение и незаборавно искуство на плажа.
За младите кои што сакаат ноќни забави на 10km од Полихроно се наоѓаат најдобрите летни ноќни клубови во пошироката област на Халкидики, Night Club Pearl и Ahoy Summer Night Club. Ветуваат незаборавни ноќи за време на Вашиот престој на Халкидики. Меѓународните и Грчките хитови за денс музика ветуваат врвна забава која трае до утрото. Влезницата е 10€.
Исто така не пропуштајте да го посетите најубавото гратче на Халкидики- Афитос, кое е одалечено 14km од Полихроно. Афитос се разликува пo својата архитектура, камените куќи, неколкуте цркви, традиционалните таверни и улиците со калдрма.