VILLA DIMITRIS (1)

 

Овој убав објект се наоѓа во средишниот дел на местото Лаганас, лоциран во прекрасна зелена градина. Димитрис располага со повеќе двокреветни и трокреветни студија за сместување, кои се опремени во стандардот на објектите од Б категорија. Близината на сите потребни објекти и содржини: супер маркети, ресторани и кубови за забава, го дополнуваат впечатокот за одлично место за одмор. Вилата Димитрис, како еден од многуте објекти за сместување во Лаганас, го заслужува вниманието особено кај младата популација.


 

Цените се дадени за сместување по соба според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

 


Цените се дадени за превоз по лице, во термини според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектот (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

Автобуски превоз за ЗАКИНТОС, според табелата од пакет аранжманот
Место и време на поаѓање:
Скопје        16:00 h     (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес         16:30 h     (БП, мотел Македонија)
Градско      16:40 h     (патарина Градско)
Росоман      16:50 h     (БП Црна Река петрол 1)
Прилеп       17:45 h     (БП Лукоил)
Битола        18:45 h     (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција: следниот ден попладне

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10€ по лице):
Куманово        14:30 h     (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар         13:30 h     (паркинг кај Дом на култура)
Тетово            14:30 h     (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани           14:30 h     (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип              15:15 h     (паркинг пред пошта)
Радовиш         14:30 h     (БП Макпетрол)
Струмица        15:15 h     (паркинг пред Тинекс)
Кичево           16:15 h     (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)  
Струга            16:45 h     (хотел Дрим, трафики)
Охрид             17:00 h     (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен             17:45 h      (спроти автобуска станица)
Кавадарци      16:50 h      (БП Црна Река петрол 1, Росоман-Сирково)

ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје-Zakynthos (780 km)
Скопје-Битола (E75/Е65), Битола-Kozani-Ioannina (E65/E90),
Ioannina-Arta-Patra-Kyllini (пристаниште) (E951/E55)
Ferryboat Kyllini-Zante (90 min), Zante (пристаниште) – Laganasi
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
патарини MK (180 ден), патарини GR и мостарина 18,50 €,
брод/автомобил од 38,20 €, брод/патник од 8,30 €

 

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ: 
 01.ден     СКОПЈЕ - ПЕЛОПОНЕЗ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday inn” во 15:30 часот. Поаѓање за Грција во 16:00 ч. Патот води преку граничниот оремин Меџитлија-Ники. Ноќно возење со попатни одмори.
02.ден     ПЕЛОПОНЕЗ - ЗАКИНТОС (Лаганас)

Пристигнување на Пелопонез и пристаништето Килини во утринските часови. Превоз со брод до островот Закинтос. По пристигнувањето, трансфер од пристаништето во Занте до местото Лаганас и објектите за сместување. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
од 03. до 08. или 10.ден     ЗАКИНТОС (Лаганас) 

Денови за одмор и идивидуални активности. Престој и услуга во објектот по избор од програмата. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.
09. или 11.ден     ЗАКИНТОС - ПЕЛОПОНЕЗ

Напуштање на собите до 10:00 часот. Во звисност од сатниците на испловување, заминување на пристаниште и превоз со брод до Пелопонез. По пристигнувањето на пристаништето Килини, патувањето продолжува кон Македонија. Патот води преку најдолгиот прекуморски мост во Европа кој го спојува Пелопонез со копното на Грција. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.
10. или 12.ден     СКОПЈЕ 

Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, Грција апартмани 2018, со важност до 31.01.2018 година. 
* Цените со попуст, важат со уплата од 50% од износот при резервација и доплата на аранжманот до 31.03.2018 година. 
*  Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !