RED SEA TAJ MAHAL RESORT ***** (22)

(3)

Red Sea Taj Mahal Resort e луксузен модерен хотел кој се наоѓа во областа Макади во Sharm El Arab Bay, 32км на југ од Хургада и 35 км од меѓународниот аеродром во Хургада.


Red Sea Taj Mahal Resort со својата панорамска локација е сместен  највисоко во целиот Макади регион. 
Хотелот поседува многу широка плажа, долга околу 1800м, со убави заливи кои креираат убави, изолирани плажи што нудат приватност за сите гости кои бараат интимна атмосфера дури уживаат во песокот и златното сонце. 
Хотелот го поседува најегзотичното, најшармантно место во Црвеното Море, Sharm El Arab Bay - заштитена област, каде што можете да уживате во природни, чисти, сончеви, песочни плажи и море богато со корали и еколошки морски живот. Овој залив е опколен со висока планина со спектакуларен поглед.
Sharm El Arab Bay  го содржи најголемиот hotel house reef кој важи за еден од најпожелните области за нуркање.

Сместување  501 собa
 Четириспратна главна зграда со 193 луксузни соби со поглед кон морето.

 Карактеристики:

- Собите се во просек по 44 квадратни метри.
- 36 соби со king size кревет, 157 двокреветни соби, 26 поврзани соби и 2 луксузни апартмани.
- Споредна зграда со 56 соби, сместени во двокатните вили
- Сите типови на соби се со балкон или тераса со поглед кон морето.
- Сите соби се опремени со централна клима, контролирана индивидуално .
- Телефон со директна линија; сателитска ТВ, сеф и мини бар.
- Целосно опремени приватни бањи со фен .
- Споредни приземни згради со 172 deluxe sea view бунгалови; секој 2 се поврзани.
- Споредна приземна зграда со 24 deluxe sea view бунгалови 
- Бунгаловите се по 48 квадратни метри.
- Двоспратна зграда со 36 deluxe sea view соби. 
- Бунгаловите се опремени со индивидуално контролирана клима, директен телефон, сателитска ТВ, сеф,мини бар и комплетно опремени бањи со када, туш и фен за коса.
- Сите бунгалови имаат приватна градина со директен пристап.
- Сите соби и бунгалови се опремени со противпожарни апарати 
- Сите хотелски соби и бунгалови имаат чист поглед кон морето.


Капацитети и услуги

24-часовна собна услуга, перење, билијард, жичен интернет, специјализирани ресторани, сали за конференција и состаноци, дискотека, Бедуински шатор на лето и Shisha катче, Медицински услуги, лекар, шопинг центар и широк паркинг.


Рекреативни капацитети
Аква центарот нуди водни спортови, тобогани, сурфање, напреден Спа центар; здравствен центар, тениски игралишта, билијард, терени за фудбал, одбојка и кошарка, одбојка на плажа, фудбал на плажа и дневни анимациони активности.


Аll inclusive  оброци се служат во главниот ресторан и тераса.

Noah's Ark - главен ресторан

Појадок: 07:00 - 10:00 часот
Ручек:   13:00 - 15:00 часот
Вечера: 19:00 - 22:00 часот
Алкохолни пијалоци не се достапни за време на појадокот. 


Bars 
Увозните алкохолни пијалоци и свежи сокови не се вклучени во овој пакет.
Увозните алкохолни пијалоци   се наплаќаат дополнително.

Aurora Bar 
Се служат сите пијалоци, топли и ладни, локални алкохолни и безалкохолни.
Од 10:00 - 00:00
Слатки деликатеси - 15:30 - 17:00
Сладолед - 16:00-17:00

Sharm El Arab Bay Beach 
Отворено од 10:00 до зајдисонце.
Ручек:12:00 -17:00 

Се служат топли, ладни пијалоци, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 - 24:00
Вечера: 19:00 - 20:00 и 20:15 - 21:30
Ве молиме направете резервација претходниот ден на рецепција.
 

Спорт и слободни активности
Надворешен загреан базен со величествен поглед на Црвеното Море со одделен дел за деца, отворен базен во просторот кај бунгаловите со дел за деца (2 базени), часови за аеробик, дневна анимациона програма на активности понудени од страна на повеќејазичен тим, целосно опремен центар за здравје и фитнес ; СПА, можност за користење на  масажа, сауна, парна соба, GYM соба и џакузи.
 тенис (2 терени), мини голф, пинг понг.
 Аква парк со 5 тобогани
 Аква центарот нуди Wind Surfing, Banana Boat, педалинки и други активности.
  Билјард,  пинг понг, пикадо, детски клуб (внатре-надвор)


Кодекс на облекување

Костими за капење не се дозволени во рестораните и главното лоби. За време на вечерата мора да бидете пристојно облечени - casual облека, јакни и фустани, минимум Smart casual. 

Кредитни картички - Visa and Master Card 


Рекреативни објекти

Дневната активна програма за анимација на плажа и базен вклучува: игри, одбојка на плажа, гимнастика, танцови часови, пинг понг, пикадо, детски клуб.
Тенис & Фудбал & Кошаркарски терени [денски-бесплатно, се наплатува во вечерните часови].
Здравствен клуб со џакузи, парна бања, сауна, масажа - со доплата 
Водни спортови, Wind surfing, нуркање, билијард, изнајмување на автомобили - со доплата.
Секојдневно- вечерни активности и ноќно шоу.

Аква паркот е отворен од 10:00 -12:00 и од 15:00 - 17:00.

За ваша безбедност ве молиме следете ги правилата и прописите што се наведени.

 Замена на крпи  Картичката за крпи што ја добивате при пријавување ви овозможува замена на крпи за плажа еднаш дневно. При одјавување од хотелот мора да ја вратите картичката, во спротивно ќе мора да платите 100 L.E.

Сеф  Користење на сеф е услуга која ви е достапна бесплатно.Менаџерите на хотелот не преземаат одговорност за вредни предмети оставени во вашата соба.

Времето на одјавување е 12.00 часот. Ве моламе вратете ги клучевите од собата на време.
Ако сакате да ја задржите собата подолго, проверете најпрвин достапност   на рецепцијата. Таму ќе ви кажат и колкава сума треба да доплатите за таа услуга.
Во случај на губење на клуч од соба,ќе мора да платите износ од 100 L.E

 Инструкции за плажа Пливањето е дозволено само во определените области. Ако одлучите да пливате во неозначена регија, тоа е на ваша одговорност.
 Децата под 15 години треба да бидат под надзор од нивните родители. Врвовите на гребенот се многу остри.


Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. 
Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). 
Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.
Пакет цена по лице за 6 ноќи All inclusive / 7 дена

Цените се дадени по лице и истите вклучуваат:

6 ноќевања на улусга All inclusive
Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Хургада - Скопје (директен летдозволени 20 кг чекиран багаж по лице
Трансфер  аеродром - хотел - аеродром
Организација на аранжманот

Цената не вклучува:

Аеродромски такси во висина од 80 еур по лице (25 еур за деца до 1.99 г)
Египетска влезна виза - за патници со маккедонски пасоши се добива на аеродром при пристигнување во Хургада.
Потребно е да имате пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на Вашиот престој во Хургада и хотелска резервација.
Цената на визата е 25$ и истата се плаќа на лице место.
Пансионски услуги во хотелот после одјавување на собите 
Патничко осигурување
Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци.

Сите цени се израсени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.