• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

АТИНА (2)

                                                                                                                       
1 ден – 29.12.2019 (Недела)
Поаѓање во 21:00 часот од автобуската станица на перонот за меѓународни поаѓања. Гранични и царински формалности. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор

2 ден – 30.12.2019 (Понеделник)
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон...) Сместување во хотел. Слободно попладне. Индивидуално, прошетка низ прекрасната Глифада. Ноќевање.

3 ден – 31.12.2019 (Вторник)
Појадок. Факултативна – еднодневна екскурзија до Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ке имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавар - родното место на Асклепии, бог-лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио - првата столица на новата Грчка држава. Се посетува златниот град Микена - град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон... Враќање во хотел. Факултативно ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА во ресторан или таверна. Ноќевање.

4 ден – 01.01.2020 (Среда)
Појадок. Одјавување од хотел. Попладне, факултативно - посета на Сунион, најјужната точка на Атика (Посејдоновиот храм, Аполоновиот брег и Глифада) Попатно, пауза за фотографирање на езерото Вулиагмени. Поаѓање за Скопје во пладневните часови по договор. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цена 109€ / 6.736 мкд

Во цената се вклучени следниве услуги:
 Превоз со високо туристички автобус
 2 ноќевања со појадок во хотел 3* Athens Coast https://www.athenscoasthotel.gr/ во Глифада
 Организиран разглед на градот со локален водич
 Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
 Целодневна екскурзија (АРГОЛИДА) до Пелопонез (25 eур со превоз и водич) влезниците се наплатуваат дополнително Микена(6 еур) и Епидавр(6 еур)  Новогодишна вечера 30 евра
 Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол(10еур);
 Сунион (10 евра со водич и превоз)
 Патничко-здравствено осигурување 123,00 мкд
 Туристичка такса 3 еврa на ден по соба се плаќа во хотелот на рецепција
За реализација на факултативните екскурзии потребно е минимум од 25 патници

Важна напомена:
 Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
 Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
 За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници