• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

ВИЕНА и БРАТИСЛАВА (5)

 

29.12.2019 

Поаѓање во 15 ч со туристички автобус, преку Србија, Унгарија, ноќно возење со попатни одмори.


30.12.2019 

Пристигнување во Виена во предпладневните часови, панорамско разгледување на Виена со локален водич: булеварот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедаралата Св. Стефан, шарената куќа Хундервасер, дворецот Белведере... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Ноќевање.


31.12.2019 

Појадок. Факултативна посета со локален водич на дворецот Шенбрун – познатата летна Хазбуршката резиденција од 1700 г., еден од најубавите во Европа. Потоа факултативно посета на забавниот парк Пратер (во зависност од времето). Враќање вo хотел, слободно време за одмор и подготовки за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за прослава на Новата 2020 год. на Плоштадот Ратхаус. Враќање вo хотел по полноќ. Ноќевање.


01.01.2020 

 Појадок. Слободно препладне во центарот на Виена каде ќе има можност да се следи Новогодишниот концерт на видео бим. Тоа е незаборавно доживување со Концерт на Виенската филхармонија, чија музика ќе ве натера да заиграте валцер и да се напиете традиционално греано вино. Потоа поаѓање за Братислава – главниот град на Словачка, каде можи да се видат: Стариот град, Михалска порта, стариот плоштад, Братиславскиот дворец... Поаѓање за Македонија преку Унгарија, Србија, ноќно возење со попатни паузи.


02.01.2020 

 Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

 

 

ЦЕНА: 10.800 денари

Во цената е вклучено:

- автобуски превоз на дадената релација

- сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок

- разгледување на Виена со локален водич

- лиценциран придружник на групата


Во цената не е вклучено:

- задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза – 250 денари

- излет со водич до дворецот Шенбрун 10 € + доплата за влезница на лице место,

- превоз и посета на забавниот парк Пратер - 5 €

- посета на Братислава - задолжитена доплата – 5 €  

- влезници за културно историските споменици